Вечерта на 28 ноември 2022 година, по еден драматичен состанок на одборот на директори, претседателот Андреа Ањели поднесе оставка, со што заврши неговата 12 годишна ера.
Го спаси Јувентус од лузните на Калчополи, го доведе до доминација во Италија и силни настапи во Европа, за на крај да го види како тоне во бездната на погрешни трошења и судски истраги.
Џон Елкан, братучедот на Ањели кој ја предводи матичната компанија Ексор, ја презеде целосната контрола врз управувањето со Јувентус, формирајќи одбор на директори за да воспостави ред.
Спортскиот дел му го довери на Џунтоли, кој требаше да го ископира наполитанското чудо и да носи силни засилувања, играчи од рангот на Кварацхелија.
Поминаа речиси три години и се вративме на почеток. Односите со институциите, пред сè УЕФА, се нормализираа, финансиските извештаи се подобрија, но основната дејност на тимот, односно она што се се случува на теренот, никогаш не почна да функционира. Цената на неуспехот, од илузорниот пресврт на крајот на 2022 година до денес, е немилосрдна.
Ги пресметавме трансферите со помош на прегледот на трансакции што се одвиваа под очекувањата, иако е тешко научно да се измери вистинската цена на лошата набавка.
За секој од овие играчи, ја пресметавме цената на нивниот трансфер, заедно со поврзаните такси за агенти и бруто трошоците за плати, до тековната сезона. Како и трошоците што ги направил клубот за тренерски промени и членови на струшниот штаб.

ЛОШИТЕ ЗДЕЛКИ НА ТРАНСФЕР ПАЗАРОТ
Потезите за зајакнување на тимот под водство на Елкан, започнаа во летото 2023 година. Првиот договор кој се покажа како грешка, беше откупот на Милик за 6,3 милиони евра. Напаѓачот доби бруто плата од 4,6 милиони евра за 2023/24 и 2024/25, преполовувајќи ја неговата плата оваа година.
Во јануари, Џало пристигна за 5,1 милион евра, со плата од 1,8 милиони евра за 2023/24 пред да биде позајмен. Во 2024/25, се случи фестивал на грешки. Купмајнерс 53,4 милиони евра (плус вкупно 11,8 милиони евра во плати, вклучувајќи ја и оваа година).
Даглас Луиз 49,3 милиони евра (плус 9,3 милиони евра плата), Нико Гонзалез 35,3 милиони евра (плус 4,8 милиони евра плата). На листата се најде и Кели, дојден на позајмица со задолжителен откуп за вкупно 23 милиони евра (плус 1,9 милиони евра плата во 2024/25 и 4,5 милиони евра оваа година).
Навивачите беа неутешно разочарани кога Борнмут го продаде поранешниот играч на Јувентус, помлад и поталентиран од Кели, на Реал Мадрид следната година за 59 милиони евра (Јувентус доби надомест од 3,9 милиони евра за продажбата).
Сега сме сезона 2025/26. Прерано е да се осуди како неуспешно летото со нови нови засилувања, но нема сомнение дека потпишувањата на Опенда (45,6 милиони евра плус плата од 7,3 милиони евра), Жегрова (15,5 милиони евра плус 4,5 милиони евра) и Жоао Марио (12,6 милиони евра плус 3,5 милиони евра), досега се покажаа како неуспех.
А што е со Давид? Точно, тој пристигна како слободен играч, но за него мораше да се платат 12,5 милиони евра провизии, а бруто плата му е 11 милиони евра. Вкупно, овие договори чинеа приближно 330 милиони евра.

ОД ОТПУШТЕНИТЕ ТРЕНЕРИ ДО ЏУНТОЛИ
Лошата политика не завршува тука, бидејќи грешките во правењето стратегии на клубот се одрази во постојаните промени на тренерот. Во мај 2024 година, Алегри беше отпуштен, со договор од 12,5 милиони евра за последната година.
Во март оваа година, Тијаго Мота беше отпуштен, со што беа издвоени 15,5 милиони евра во буџетот за 2024/25 година. Тој сè уште зема плата, неговиот договор истекува во јуни 2027 година.
Еве нè денес. Тудор е отпуштен со обврска да му се плаќа до 2027 година, 5 милиони евра бруто (вклучувајќи го и стручниот штаб) за преостанатите месеци од оваа сезона и 7 милиони евра за 2026/27.
Трите отпуштања го чинат клубот вкупно 40 милиони евра. На ова се додава и надоместокот исплатен на Џунтоли, техничкиот директор кој беше разрешен од должноста по две години поради тоа што не ги исполни своите однапред утврдени цели.
Погрешните засилувања, плус отпуштањата, меѓу кои и Џунтоли, вкупно го чинат Јувентус речиси 380 милиони во лоши инвестиции во последните три години.