Комо ќе игра во Лига на шампиони, Милан и Јуве ќе гледаат

Седумкратниот првак на Европа си ја уништи сезоната. Од прв на табела, на крај заврши петти после дебакл дома со Каљари (1:2). Во Лига Европа друштво ќе му прави Јуве. Комо, градче со 84.000 популација ќе има претставник во ЛШ за прв пат во историјата. Во елитата одат и Наполи и Рома.

25 мај 2026 - 11:51