Таг: комо

Комо направи фешта како за титула

Еден од најлудите подеми во европскиот фудбал е оној на Комо. Од аматерски фудбал за седум години стасаа да играат во Лига на шампиони. Напредокот им изгледаше вака: 2019 — Серија Д
2019-2021 — Серија Ц, 2021-2024 — Серија Б, 2024-2026 — Серија А, 2026 — историски пласман во Европа и тоа како четврти пред Милан и Јуве кои заедно тежат 9 титули во ЛШ.

Комо ќе игра во Лига на шампиони, Милан и Јуве ќе гледаат

Седумкратниот првак на Европа си ја уништи сезоната. Од прв на табела, на крај заврши петти после дебакл дома со Каљари (1:2). Во Лига Европа друштво ќе му прави Јуве. Комо, градче со 84.000 популација ќе има претставник во ЛШ за прв пат во историјата. Во елитата одат и Наполи и Рома.

Комо ли е, Барса ли е?

Сеск Фабрегас фантастично го води Комо. Ја држат шестата позиција, а изминатото коло целосно го надиграа Лацио среде Рим и го декласираа со 0:3. Погледнете ги како држат топка. Скоро 50 додава направија, без да им ја земат.

Мотивирачкиот говор на Фабрегас по триумфот над Фиорентина

Комо е симпатична фудбалска приказна со град кој има 84.000 жители и стадионче кое собира 13.600. Ама со ултра богати индонезиски газди кои сезонава го купија Алваро Мората. Лани завршија 10-ти, а сезонава после 4 кола имаат само еден пораз. Го победија Лацио дома, а викендов Фиорентина на гости. Сеск знае што прави.

Аргентинска мајсторија во Комо на младиот Нико Паз

Внимавајте сезонава на Комо, предводен од Сеск Фабрегас и индиските милијардери кои летово го купија Алваро Мората. И лани беа незгодни и завршија 10-ти, а после изданието против Лацио во прво коло, најавуваат дека ќе бидат уште поопасни. Славеа 2:0, а вториот гол го постигна 20 годишниот Нико Паз, кој ја игра втората сезона откако го донесоа од Реал.

А видовте ли кои играчи се ракуваа како капитени на Комо и Парма?

Од лево е Сеск Фагрегас (35), од десно Џиџи Буфон (45). Едниот двократен европски и светски првак со Шпанија со 13 клупски трофеи освоени со Арсенал, Барселона, Челси и Монако. Другиот светски првак со Италија со 26 трофеи освоени со Парма, Јуве и ПСЖ и со преку 1.100 настапи во кариерата. Овие две легенди моментално играат во втора лига.

Во Серија Б падна смешка како измислена за сеир на навивачите

На мечот Комо - Бреша синоќа снема струја. Тоа еден циркуз, ама вториот многу појак. Ќе си пукнеме што нема излезено видео. Ама ви ветуваме дека ќе следиме дали ќе излезе.

„Заминав од Барса за да не ја изгубам жена ми“

Од малиот Комо до висините на Светското првенство 2006-та каде го крена највредниот златен пехар во спортот. Патот на Џанлука Ѕамброта е интересен од повеќе аспекти. Играше во најголеми европски клубови, заигра со Роналдињо но реши да се врати во татковината.

Најбесмислените 5 трансфери кои можеа да се случат во Серија А

Во очекување на некој хит трансфер за ова лето, одиме со оние кои ќе беа или звучат најапсурдни. Каде ли ќе беше сега Меси и дали ќе беше тоа што е сега, ако во 2002-ра година потпишеше за Комо? Истото важи и за другите.