Најбесмислените 5 трансфери кои можеа да се случат во Серија А

Во очекување на некој хит трансфер за ова лето, одиме со оние кои ќе беа или звучат најапсурдни. Каде ли ќе беше сега Меси и дали ќе беше тоа што е сега, ако во 2002-ра година потпишеше за Комо? Истото важи и за другите.

МЕСИ ВО КОМО
Младиот 16 годишен и непознат Лионел Меси во 2002-ра бил претставен во Комо од страна на скаут. Силен, многу брз и голем техничар, но премногу мал физички. Поради тие причини, првиот човек на Комо не сакал да инвестира во него 50.000 долари. Замислете Меси во Комо да заиграше.
 
РОНАЛДО ВО ПАРМА
Една година подоцна, уште еден врвен талент бил донесен во Италија. Се работи за Кристијано Роналдо кој на 18 години го привлекол вниманието на техничкиот директор на Парма, Ариго Саки. Тој можеше да го купи Португалецот за 11 милиони евра од Спортинг, но во игра влезе Манчестер Јунајтед кој истото лето го донесоа во Англија.
 
ДРОГБА ВО КИЕВО
Се сеќавате на сензацијата наречена Киево предводена од Џиџи Дел Нери која беше блиску да испише слична приказна како Лестер? Овој мал клуб кој пред околу 15 години им пркосеше на големите екипи во Серија А можеше во напад во Купот на УЕФА да го има Дидие Дрогба. Но Лацио тогаш не го купи Ериберто кој во меѓувреме испадна дека се вика Лусијано и Киево немаше потреба од напаѓач.

ТУРЕ ВО МОДЕНА
„Игра на сите позиции, среден ред, одбрана, напад. Многу е кај, да го земеме“. Со овие зборови директорот на Модена, Дориано Този се обидел да го убеди претседателот на клубот да го купат Јаја Туре од Беверен. Се било договорено, но потоа се појавиле раководните луѓе на Металург Доњецк со понуда од 2 милиони евра. За Модена тоа било премногу висока понуда.
 
РОНАЛДИЊО ВО ТОРИНО
Познато е дека братот на Роналдињо, Роберто де Асис, а воедно и негов агент имал клучна улова во изборот на бразилската ѕвезда. Торино бил многу блиску да ги купи и двајцата во пакет. „Можев да одам во Торино, мојот помлад брат замина таму на еден тренинг, а моето семејство беше спремно да се пресели во Италија“, раскажува Роналдињо. Во Гремио се противеле за трансферот и ги задржале и двајцата.
 
Инаку освен во Италија во овој контекст ќе споменеме и уште некои чудни трансфери кои повеќе останале само како желби. Аматерскиот англиски клуб Басингтоук сакал да го купи Роналдињо, а косовскиот клуб Хајвалија, инаку непризнат од ФИФА го барал Луис Суарез.
 
Има и приказни кои можеби звучат дека се апсурд, но се остваруваат. Прашајте го Клаудио Тафарел, славниот бразилскиот голман кој откако го освои Мундијалот во САД 1994 се согласи да брани за Реџана.