Таг: торино

Еврогол на Илиќ, коментаторот на Арена одлепи

Младиот српски репрезентативец, Иван Илиќ го има голот на колото во Серија А. Во последните минути од мечот во кој Удинезе имаше водство од 0:1, кога сите мислеа дека Илиќ ќе нафрла, тој ги изненади сите и му донесе бод на Торино.

Дрскоста на Немања Радоњиќ во 93-та минута за победа на Торино

Во најјаките голови ова коло во Италија, дефинитивно влегува соло мајсторијата на Радоњиќ, кој сам, на најдрзок можен начин ја направи попара Џенова. Прво одлично ја прими, па го изеде својот чувар, за да на крај да му пукне бомба на голманот, кој не ја ни виде топката и падна очајно на земја.

Понеделничко мешање во шеснаесетник сам против четворица

Од скромната понеделничка фудбалска програма го издојуваме снаодливиот Јан Карамо кој ги направи попара пред гол кој како му дојде, за победа на Торино против Болоња од 1:0.

Циркузантски гол од карамбол и две мајстории во Торино

Фудбалерите на Торино понеделнички го совладаа Удинезе со 2:1, натпревар од кој вреди да се видат сите три гола. Илија Несторовски повторно беше во тим по долгата пауза, ама сè уште не добива шанса.

Луд пенал од голманот на Торино

Милан е првиот четвртфиналист во Купот на Италија откако вечерва на пенали 5:4 го совлада Торино. После 120 минути фудбал резултатот беше 0:0, па се прејде на пенали. Погодија сите освен Ринкон на кого Татарушану му го одбрани шутот. А погледнете го пеналот на Вања Милинковиќ-Савиќ, брат му на Сергеј од Лацио. Од бес ја искина мрежата.

Најтивката прослава на титула во историјата на Торино

Јувентус во неделата вечер го освои 39-то шампионско скудето, 9-то по ред, но навивачите го испочитуваа апелот на клубот на социјалните мрежи, да се слави дома а не на улиците. Никогаш во историјата на овој град титула вака тивко не славел ни Јувентус ни Торино („биковите“ имаат 6 скудета).

Како Јувентус и Барса го изиграа системот со интересен трансфер

Во понеделникот шпанскиот и италијанскиот шампион официјално договорија обратни трансфери па така Артур оди во Торино за 80 милиони евра, Пјаниќ во Каталонија за 70 милиони евра и на крај и двата клуба ќе имаат ќар. Како?

Драма и пол на Сан Сиро со два пресврти и продолженија

Серијата на Росонерите откако дојде Ибра продолжува со петта победа во низа (3 во првенство и 2 во Куп). Но овој пат на навивачите им ги искинаа и онака кревките нерви. До 90-та минута имаа елиминација, но на крај се пласираа во полуфинале.

Абе каков Конте, оди фудбал да гледаш

Го имаме победникот на денот. Краљот кој не изнасмеа за сите пари. Плус добар прогнозер е.

Јувентус отвори луксузен хотел до стадионот, некои играчи спијат таму

„Старата дама“ стана првиот клуб во Италија кој поседува свој сопствен хотел. Во фоајето на J Hotel може да се поздравите со Џиџи Буфон, да се сликате со Бонучи, или па да налетате на Игуаин, Рабио и Маурицио Сари како пијат кафе.

Последните 3 минути од Торино-Милан се за дијазепам

Кеси утна срамен зицер, судијата свирна офсајд, а не беше. Ѕаѕа излезе сам пред гол, се излизга и наводно се повреди. Пјонтек од едно метро со глава, како да ви кажеме. Со други зборови требаше да заврши 3:3, ако влезеа сите три.

Пресврт на Торино против Милан со ножички на шашма

Со голот на Пјонтек, Милан имаше 0:1 на гостувањето против Торино, кој направи целосен пресврт со два гола на Белоти за 4 минути. На вториот ептен среќно му се наместија коцките. Ја промаши цела топка, па некако му се намести на ножички. Ретко виден гол.

Во чест на 116 години старото пријателство, Нотс Каунти бара помош од Јувентус

Во ситуација кога еден од најстарите светски клубови, Нотс Каунти е во тешка беспарица, луѓето од овој клуб и претставници од градскиот парламент решиле да се обратат до италијанскиот гигант со кого имале братска делба во минатото.

Пирло го тужи двојникот кој лажно се претставувал и земал роба од бутици

Еден од најдобрите италијански фудбалери на овој век, кој пред неколку години ја заврши кариерата, го дал на суд Алесандро Палацоло, 48-годишен златар од Валенца кој присвојувал добра во негово име.

Детето на мафијата Камора што стана еден од најдобрите стопери во Италија

Армандо Ицо, лидерот на Торино имал тешко детство во озлогласената населба Скампиа во Неапол каде царува(ла) Камора преку криминал, проституција, дилери и убиства. На крајот од калта го извадил менаџерот кој е најзаслужен што Ицо заигра и за Италија.

Кристијано ѝ подарил дрес на девојката што ја повреди со топка

Роналдо имаше турбулентна недела. Прво на загревање пред Киево со силен шут погодил некоја девојка од трибините во лице и ѝ го скршил носот. Па во тек на мечот промаши пенал, па беше на судење за затајување данок во Мадрид.

Пенал на Роналдо му одбрани голманот на кого лани му скрши нос

Кристијано Роналдо синоќа имаше одлична шанса да се издвои на врвот од листата на најдобри стрелци во Серија А, но не даде гол против Киево.

Делириум во Торино, Кристијано Роналдо стигна во Јувентус

Со скандирање Cristiano portaci la Champions (Кристијано донеси ни ја Лига на шампиони), стотина тифози на „Старата дама“ го пречекаа најдобриот фудбалер на светот во изборот на ФИФА. Над 200 новинари се акредитирале за официјалната прес-конференција на Португалецот од 18:30 часот.

Магистер Кјелини чита книги и секогаш крвари за Јувентус

Спремен како војник да оди во најтешките ровови за својот тим и репрезентација. Ни самиот веќе не знае колку пати е шиен и на кои места. Главата ја раскрвавувал многу пати а соиграчите викаат дека бегаат од него.

Династија Ањели - дрвото на животот на фамилијата која го води Јувентус

На крајот се поставува прашањето: Кому му припаѓа „Старата дама“? Кој владее со империјата од Торино?

Серијалот за Јуве од Нетфликс е одличен маркетиншки потег

Јувентус е италијански бренд кој тргна „по патот на свилата“. Гигантот Нетфликс направи серијал за фудбалскиот хегемон којшто го допре плафонот во Италија и сега се шири на другите големи континенти каде ја запознава публиката со својата големина.

Тензијата меѓу навивачите на Торино и Јувентус

Ова градско дерби, симбол на монденскиот север на Италија е уникатно по многу нешта - како на пример тоа што Торино има поголем број поддржувачи во самиот град а Јувентус на ниво на цела држава. „Биковите“ немаат триумф над Јуве којзнае од кога, ама тоа не ги спречува да го полнат стадионот уште повеќе.

Олимпиското село од Игрите во Торино е гето на мигранти

Она што им се случи речиси на сите градови кои беа домаќини на Олимписки Игри, не го заобиколи ниту Торино.

Нова утка со ВАР, нервоза, црвен и отказ после полноќ

ВАР го уништува тоа малку од убаво што остана во нашиот фудбал, се вели во еден коментар на навивач на Торино кој со право критикува, нешто кое веќе е малку да помине само со критика.