Делириум во Торино, Кристијано Роналдо стигна во Јувентус
Со скандирање Cristiano portaci la Champions (Кристијано донеси ни ја Лига на шампиони), стотина тифози на „Старата дама“ го пречекаа најдобриот фудбалер на светот во изборот на ФИФА. Над 200 новинари се акредитирале за официјалната прес-конференција на Португалецот од 18:30 часот.