Милан е првиот четвртфиналист во Купот на Италија откако вечерва на пенали 5:4 го совлада Торино. После 120 минути фудбал резултатот беше 0:0, па се прејде на пенали. Погодија сите освен Ринкон на кого Татарушану му го одбрани шутот. А погледнете го пеналот на Вања Милинковиќ-Савиќ, брат му на Сергеј од Лацио. Од бес ја искина мрежата.