Возбудата на Сан Сиро синоќа почна уште пред судијата да означи почеток, бидејќи му се оддаваше почит на Коби Брајант, а самиот натпревар беше доста содржински и полн со неизвесности.
Милан на крај имаше резултат кој значеше елиминација, а по само 3 минути имаа шанса тие да го елиминираат Торино. Но Златан се посрамоти пред гол, а потоа се извади.
Да сумираме. Милан - Торино заврши 2:2 во регуларниот дел откако Чалханоглу израмни во 91-ва минута. Во продолженијата тој заедно со Ибра го совладаа Торино со 4:2 и стигнаа до полуфинале каде ги чека битка против Јуве.
А ќе речеш ајде бе Куп не е интересно тоа, а 6 гола паднаа.
1:0 Бонавентура 12`
1:1 Бремер 34`
1:2 Бремер 71`
2:2 Чалканоглу 91`
Зицер на Ибра во 93`
3:2 Чалканоглу 106`
4:2 Ибрахимовиќ 108`