Иако процесот во шпанската престолнина беше најавуван со месеци и се очекуваше Кристијано да сноси последици за затајување данок, истиот заврши за само 50 минути откако фудбалерот се согласил да плати 18,8 милиони евра за да го ослободат и насмеан да излезе од судот со девојјка му Џорџина Родригез.
За да се „покае“ и со девојчето на кое и го повреди носот со еден несмасен шут на загревање пред натпреварот со Киево, Роналдо направил убав гест.
Во меѓувреме постигна гол од пенал против Лацио на гости за победа 1-2 и +11 бода плус во однос на Наполи.
Ден по гостувањето во Рим, Португалецот и се обратил на извесна Елена Ди Мартино, навивач на Јувентус на кого Роналдо и нанел скршеница на носот.
„Очекувам покана за вечера“, во шега напишала Елена на социјаните мрежи, а Роналдо наместо вечера решил да и подари негов дрес со натпис: „За Елена, со прегратка“.
Таа подоцна ја објавила сликата со дресот и фотографија со Роналдо со натпис: „Мојот подарок за ударот во глава. Шампион на и надвор од теренот. CR7“.