По мотото „Фудбал за Мир“ на стадионот Ванда Метрополитано се изложени преку 80 дресови на фудбалски репрезентации како дел од кампањата на дипломатските претставништва. Меѓу нив и на македонската амбасада во Шпанија, за промоција на фудбалот како механизам за градење мир и благосостојба меѓу земјите, но и како средство за пријателство меѓу народите во светот.
На само неколку дена до стартот на најголемиот спортски настан годинава во Европа, во официјалната продавница на Фудбалската федерација на Македонија нема на залиха дресови за продажба.
Очекувано или не, новиот дрес на Македонија во бордо боја ја разгневи јавноста до таа мера што се отвори петиција за враќање на довчерашните дресови кои му се мили и на капитенот Пандев и која веќе ја потпишале скоро 12.000 луѓе.
Јавноста никако не може да се помири со новата гарнитура дресови меѓу кои во прв план е првата варијанта со бордо боја. Индиректна порака прати и капитенот на репрезентацијата.
Македонскиот претседател Стево Пендаровски при посетата на Рим и Ватикан, на папата Франциск кој е голем љубител на фудбалот и осведочен навивач на аргентински Сан Лоренцо, му го подари дресот со кој Македонија ќе игра на Европско првенство за 15-ина дена.
Нарачуваш дрес од македонска фудбалска репрезентација од интернет и тоа носен од Хасани против Турција и ти вика Македонија јок. Е и ова го немавме видено.
Во среда на 9. декември во 14:30 ќе се одржи една од неколкуте аукции со вредни предмети од Марадона и Пеле. Интересот е огромен, неговиот дрес од мечот со „Божја рака“ проценет на 2 милиони долари но сопственикот не би го продавал.
Екипата на Лестер во моментов е второ место во Премиер лигата, а „лисиците“ го играат можеби најубавиот фудбал во цела лига, поубав дури и од времето кога со Раниери сензационално ја освоија титулата. Келечи Ихеаначо им е еден од поинтересните играчи.
После мечот со Мемфис (109:113), на домашниот паркет во арената на Сан Антонио се одржа церемонија во чест на овековечување на бројот на Тони Паркер, легендата на Спарс и НБА.
Ова би прошло можеби во некоја друга земја, особено во нашиве краишта, ама во Англија регулативите на ФА се толку строги, што дресовите уште не доставени, ќе мора да ги враќаат назад. Назад!
Баерн против Ливерпул ја имаше најслабата вечер сезонава: Ноер грешеше, „црвените“ им даваа голови, а дека нешто не штима околу екипата покажа и киксот со дресот на репрезентативецот Горецка.
Роналдо имаше турбулентна недела. Прво на загревање пред Киево со силен шут погодил некоја девојка од трибините во лице и ѝ го скршил носот. Па во тек на мечот промаши пенал, па беше на судење за затајување данок во Мадрид.
Во саботата Барселона дома ја пречека Селта и славеше со 2:0 во меч од Ла Лига, а еден бек на гостите ги разочарал своите навивачи со непрофесионалниот гест.
Целиот свој живот го поминал на 200 метри од границата со Уругвај, земја која што многу ја засакал. Од рана возраст цртал многу убаво па случајно решил да се пријави на конкурсот за нов дрес на фудбалската репрезентација на Бразил.
Околу кренатата крагна на Ерик Кантона се исплетеа многу анегдоти, конспирации, теории на заговор. Тој ни самиот не памети кога почнал да ја носи така, ама знае зошто.
Додека повеќето европски клубови се решаваат за стандардна, веќе видена промоција на новиот дрес за новата сезона, италијанскиот второлигаш Венеција се реши за нешто друго за гостинската варијанта.
Бразилецот Ришарлисон (21) летово дојде во Евертон од Вотфорд за сума од 35 милиони фунти и веднаш стана миленик на навивачите. Во првото коло од Премиер лигата даде два гола на гости против Вулверхемптон, а на крајот од мечот израдува едно мало девојче.
Лето 1995-та, Нови Сад, на тезгите полно со дресови. Чале ми избира поклон за роденден, бидејќи со денови му кукам како сите на игралиште во маало играат со дресови, а јас сум единствен што немам.
Колку треба да си без осет за да се грабаш по дрес преку ред во кој неместени беа мајка со 16 деца. Плус да си од Перу, а дресот беше наменет за едно од децата Австралијци, од страна на ветеранот на Австралија Тим Кејхил. Ќе го шитнеше во прва прилика ако го здиплеше.
Некои фудбалски случки се до толку јаки и неверојатни што да ти ги раскажува некој со доказ, пак нема да може да му се верува. Ова го има само во Јужна Америка. Да живее фудбалот и навивачите без кои не се може.
Нивниот омилен Динамо ремизираше 0-0 против Рубин Казан и уште виси пред зоната за испаѓање но на овие тројца клинци не им сметаше да се израдуваат на дресот кој им го фрли играч. Поточно еден се израдува.
Во случај да има избор за најдобра опрема на еден клуб во Европа, меѓу главните кандидати би бил шведскиот трофеен АИК од Стокхолм.Nike им произвел целосно црна опрема: дрес, штуцни, шорцеви, ракавици, копачки, тренерки, тренинг маици.
Во чест на јубилејот на големиот Џиџи Буфон кој денес слави 40. роденден, цела Италија му праќа честитки, а Јувентус пушти во продажба ограничена колекција на дресови на легендарниот голман.