Приказна на годината за навивачот кој спаси натпревар

Некои фудбалски случки се до толку јаки и неверојатни што да ти ги раскажува некој со доказ, пак нема да може да му се верува. Ова го има само во Јужна Америка. Да живее фудбалот и навивачите без кои не се може.

Не е ова некоја анегдота од времето на Пеле или заебанција од четвртата романска лига, туку тазе случај во првата фудбалска лига во Уругвај.
 
Се среќаваат Пенарол и Прогресо, но пред стартот на мечот се јавува проблем. Голманот на домаќините Кевин Давсон имал сличен дрес со судиите, по што добива наредба од нив да облече друг.
 
 
Клубот е во паника, бидејќи не носи резервен дрес во други бои и потоа се случува врвот на муабетот.
 
Еден од тренерите почнал да ги скаутира навивачите и здогледува еден со дрес број 1 кој би требало да заврши работа.
 
 
Навивачот без проблем им го позајмува дресот или поточно среќен е што ќе излезе во пресрет и ќе го спаси мечот.
 
Му го дава дресот и облекува тренерка на голо и тоа како трапма од клубот за да не му студи.
 
Пењарол на крај победува со 1:0. 
 
Пишуваме и гледаме и уште не ни се верува :)
5 мај 2018 - 09:00