Симптомите на овој мамурлак се неверојатно слични на стандардниот, само што тој не се добива со претерување со алкохол туку со претерување со луѓе.
Жртвите веќе имаат име за него и го викаат интровертен мамурлак. Ако самите сте интровертни, од прва ви е јасно за што се работи, но ако треба тоа да го објасните на некој што е екстровертен, еве што за состојбата вели Шона Кортер, една од оние кои после секоја интензивна средба со семејството или пријателите, завршува сама во темна соба, на своевидна детоксикација од луѓе:
Интровертните имаат ограничена количина енергија за социјализирање, во споредба со отворените луѓе. Кога ќе ги потрошиме тие резерви доаѓаме до оној момент кога од "ок сум", преоѓаме во "дефинитивно не ми е ок". Интровертниот мамурлук е токму тоа, повлекување во себе, предизвикано од претерана стимулација.
Симптомите на интроверниот мамурулак се потење на дланките, забрзан пулс, зуење на главата, чувство дека ве боли мозокот.... Како и за алкохолниот мамурлак, и за ова не постои чаре (освен темната соба која е полезна во обата случаи). Во зависност од дозата луѓе кои се конзумирале и од личната толеранција на нив, толку и трае опоравувањето во блажената осаменост.
Нашиот педагошки совет до вас би гласел:
- Луѓе може, ама не претерувајте.