Таг: интровертни

Како да се дружиш кога ти е неудобно?

Претходно имавме едно драгасаветување за „Како да се надмине стравот од самопромовирање“, со кој се соочуваат еден куп луѓе во денешново време на микро-претприемништво. Овој пат, на поиндивидуално ниво, истата Савета, Марта Бек, одговара на друго прашање, што може не го поставуваме јавно, ама си никнува кога ќе се вратиме дома од настан полн луѓе: Како да се социјализирам кога ми е неудобно?

Да, постои "мамурлак од луѓе"

Го знаете она кога утредента објаснувате: "Синоќа бев со едни, главата ми ја пукнаа"? Е па, тоа е.