Маката е relatable:
Никогаш не сум била дружељубива личност, но пандемијата ме дотепа. Како конечно да имав доволно време сама со себе, а сега ми се чини како да добивам можност да бидам поинаква, или барем да носам поинакви одлуки што можат да ми го променат животот. Од пролетта наваму, се обидувам почесто да излегувам со пријатели, но не можам да се ослободам од анксиозноста и неудобноста што ги чувствувам во групни настани. Имам и прескокнато неколку излегувања, мислејќи дека само ми треба пауза, но потоа се чувствувам изоставено, дури и малку депримирано. Навистина сакам да го раширам социјалниот круг. Како да продолжам да ја напуштам комфорната зона, дури и кога ми е стресно?
Да си помогнеме:
Друштвото и осаменоста се како хранливи материи: И двете ни требаат, но во различни количини. Екстроверт може да бара многу интеракција и само малку осаменост за да добие рамнотежа. Ти ќе да си повеќе интроверт, што значи дека здравјето ти зависи од голема доза самотија во текот на денот, заедно со доволно социјална интеракција за да се чувствуваш поврзана.
Имај на ум дека самотијата што си ја искусила за време на пандемијата ти задоволила една незадоволена потреба („конечно имав доволно време сама со себе“). Звучи како да си успеала да заситиш долго чувствувана жед. Но, не спомнуваш желба за дружење со луѓе во овие денови - само чувство на изоставеност и депресија кога ќе одиш на пауза во самотија. Ова не зучи како да ти треба повеќе друштво. Само е „страв да не пропуштиш нешто“ што е многу различно.
Животите ни се далеку посреќни кога сме фокусирани на нешто што го сакаме, наспроти едноставно избегнување на она што нѐ плаши. Ти го сакаш времето поминато насамо, но се плашиш дека не учествуваш доволно. Ја гледаш разликата? Пробај вака: Кога се плашиш дека не си доволно дружељубива, вдиши длабоко неколку пати, врати се во состојба на смиреност и пробај да забележиш дали копнееш да бидеш меѓу луѓе. Ако да, тогаш е време да излезеш и да се дружиш. Ако не - само реагираш на нејасна нервоза дека треба да си поекстровертна - и понатаму давај си го подарокот на самотија сама на себе.
Ако го вежбаш фокусот на функционирање од љубов наместо страв, со тек на време ќе го најдеш балансот меѓу друштво и простор што ти ќе биде совршен за тебе. Потоа можеш да воспоставиш ритам со пријатели и сакани луѓе што најмногу ти одговара. Ќе бидеш среќна и меѓу луѓе и сама. И токму таков треба да биде животот.