Сакате да си купиме „сок од стапала“?

Точно е тоа што мислите дека е. Течност во која ги киснеш стапалата, ја продаваш - и има кој да ја купи. Можеби не баш твојата, ама нечија - да.

Паркон е конвенција за аниме-фанови и секогаш има бизарности, ама оваа година и најискусните се крстат.

Се појавија неофицијални штандови пред влезот на местото каде што се одржуваше во Сан Хозе, во Калифорнија и мртви-озбилни продаваа - feet juice.

Еве, не е вода - овошен сок е, истурен во пластични кофи каде што си ги киснеа голите стапала. Цените се движеле од 10 до 15 долари по чаша.

Сокот се потрошил за помалку од еден час.

Она што всушност се случува, како што вели Вајс е сосем соодветно за 2026 година - парасоцијална култура, економска логика што произлегува од креирање на содржини и долгата традиција на продавање што-и-да-е на публика на вакви настани.

„Ако сме искрени, никој од инволвираните не се пожали,“ заклучуваат од Вајс. „Продавачите заработија, купувачите добија што сакаа, а интернетот доби приказна. Технички, сите победуваат.“

2 јуни 2026 - 00:00