
И што ако не? Што значи тоа и колку вистински помага овој тест?
Има експерт што зборува на таа тема - Др. Санам Хафиз којa работи во Њујорк Сити е невропсихолог и директор на Comprehend the Mind - работи со потешкотии при учење, анксиозност, депресија и други психопатолошки нарушувања. Според неa, тестот функционира затоа што истакнува два различни и круцијални елементи во еден однос - уживање и доверба.
Компонентата кутре допира до нешто подлабоко - кому би доверил нешто ранливо и беспомошно? Тоа открива многу повеќе за довербата што ја имаш кон некого, отколку прашањето дали би му позајмил 20 евра. За пивата нема посебна филозофија - дали реално уживаш со тој човек, или не?
Нормално, човек кој добива два пати да е супер. Два пати не е „не знам што го трпиш уште“.
Ама ако е да за пиво, а не за кутре, може да е проблем. Обратно - не за пиво (значи досаден), но да за кутре (значи одговорен и од доверба) заслужува трпение. Различни архетипи служат за различни „сезони“ во животот. На прашањето дали е во ред да се имаат пријатели кои влегуваат во двете крајности, Др. Хафиз вели да.
„Различни пријатели за различни улоги е сосема нормално и искрено, многу здраво,“ вели таа. „Не секој пријател мора да биде контакт за итни случаи и прв што ќе го бараш за излегување навечер. Сепак, има и ретки пријателства на кои можеш да се потпреш и за пиво и за кутре, каде забавата и довербата растат со тек на време, без едната страна да се чувствува како да ѝ доаѓа премногу.“