бојкот - „Апстинирање од користење, купување или од какво и да е делување, во знак на протест или како облик на принуда". Според капетан Чарлс Бојкот, поранешен британски војник, кој подоцна работел како раководител на имотот на грофот од Ерн во Ирска. Во текот на ирската „војна за земја", која Бојкот ги одбил барањата на оние кои ја обработувале земјата за намалување од 25% на давачките политичарот Чарлс Панел покренал иницијатива тој да се - бојкотира. Не го услужувале во продавница, поштарите не му носеле писма, едноставно се однесувале како да не постои. Видел - не видел, по некое време попуштил.
бегонија - тропско или суптропско растение со асиметрични листови во живи бои. Според Мишел Бегон (1638-1710), поранешен гувернер на француската колонија на Хаити и промотор на ботаниката.
мазохизам - „Сексуално задоволство произлезено од тоа да се биде физички или емоционално малтретиран". По Леополд вон Сахер-Мазох (1836-1895), австрискиот автор на „Венера во крзно", во која има доста такво... хмм... малтретирање.
саксофон - По белгискиот дизајнер на инструменти и музичар Адолф Сакс, кој го измислил саксофонот во 1846.
сендвич - според Џон Монтагу, четвртиот гроф од Сендвич, пристаниште во областа Кент во Англија, кому му се припишува создавањето на популарната комбинација „две парчиња леб и нешто помеѓу". Според преданието, грофот бил толку зафатен играјќи карти што немал време да јаде, па барал од слугите да му донесат месо и сирење помеѓу две парчиња леб. Кога биле прашувани што сакаат тие за јадење, неговите пријатели одговарале - „исто што и Сендвич".
силуета - по Етјен де Силует (1709-1767), француски министер за финансии, кој наметнувал остри економски рестрикции врз богатите во текот на Седумгодишната војна. Неговото име може да се однесува на сè што се прави без големи трошоци, а особено на евтините портрети направени со само една црна линија.
шовинизам - „1. Агресивна припадност и славење на сопствената земја; фанатичен патриотизам. 2. Верување без покритие во супериорноста на сопствениот пол, група или вид." По легендарниот француски војник Николас Шовин, кој служел во армијата на Наполеон, а кому му се припишуваат крајно глупави патриотски чинови, како намерно изложување на ранување во битка. Откако собрал 17 тешки рани, Наполеон наводно лично го одликувал со Орден на честа.