1) Пријателства = здравје
Ако светот го освоиле зомбија, тогаш е паметно да се затворите дома и да не мрдате никаде. Но, во секој друг случај, да се биде опкружен со луѓе на кои сте им драг и на кои сте им битни е здраво. Колку здраво? Околу 15 години повеќе. Тоа ќе ви ги зголеми шансите да победите рак, да избегнете деменција и да се опоравите од инфаркт.
...ако сте опкружени со цврст круг пријатели кои редовно се собираат, јадат и муабетат заедно, не само што деновите ќе ви бидат позабавни туку со тоа просек ќе живеете 15 години повеќе отколку осамените.
Одењето во теретана е ок, ама вистинските пријатели се трипати по ок.
Со други зборови, целовечено играње покер со пријатели е здраво, играњето пасијанс на компјутер ќе ве убие.
Чувството на осаменост ја зголемува реакцијата на стрес што се поврува со срцеви заболувања, според британскиот епидемиолог Ендру Степто... Џон Качопо и неговата екипа утврдиле дека осаменоста го зголемува кортизолот и крвниот притисок кој ги оштетува и крвните садови и органите....Дури и после неколку месеци откако биле ослободени, кај воени затвореници од просторите на екс Југославија, најголеми оштетувања на мозокот се утврдени кај оние лица кои биле затворани во самица.
А осаменоста денес е поголема од кога било порано во историјата. Во САД 23 проценти луѓе признаваат дека немаат ама баш никого со кого можат да зборуваат. Бројките за кај нас не ги знаеме ама само помислете на сите оние кои се јавуваат во контактни емисии, дури и кога не знаат што е тема на денот.
Ама, ок, имате еден куп Фејсбук френдови, така? За жал...
2) Онлајн пријателствата не се важат
Истражувајќи го ефектот на интернетот врз социјалните односи на возрасни луѓе, холандскиот психолог Томас Полет утврдил дека времето поминато на социјални мрежи резултираат со поголем број онлајн конакти но не и со поголем врој вистински контакти со луѓе ниту пак со зголемување на чувството на блискост. Без средби лице в лице социјалните врски слабеат или се заменуваат со други. Емотивната блискост со некого слабее за околу 15 проценти за секоја година негледање со него.
Јасно е дека колку повеќе време поминувате онлајн, толку помалку време имате за пријателите. Истражувања покажуваат дека секој смс или меил во просек крати една минута од времето поминато со блиските.
За секој меил или смс порака одземате по една минута од времето за драгите лица. 13 меила на ден = 13 минути или 1,5 часа неделно помалку поминати со своите блиски, покажало истражување од Стенфорд. Постои евиденција дека свртувањето кон интернет заради зголемување на социјалните врски води кон изолација. Тоа е парадоксот на интернетот - создаден да нè поврзува а нè остава оддалечени. И пред сè, зависи што очекувате од него. Ако барате информации, тој е непроценливо корисен. Но, ако ви треба некој да ве гушне, на погрешно место го барате.
3) Потребна е вистинска, реална заедница
Генералната закономерност е дека мажите умираат помлади од жените. Но, не и во Сардинија. Таа италијанска област има 10 пати повеќе 100 годишници отколку каде било на светот.
Сардинија е место во кое се живее во силно поврзани заедници. Таму истражувачи имаат проблем и да поразговараат со 100 годишници бидејќи околу нив секогаш има еден куп луѓе од фамилијата и соседството кои прават галама. Не е во прашање генетиката која учествува со 25% во причините.
А не е во прашање ни чистата животна средина. Лома Линда во Калифорнија е катастрофална во поглед на квалитетот на водата и воздухот. Па сепак таму се живее 6 години повеќе од американскиот просек. Можеби затоа што повеќето од нив се Адвентисти на седмиот ден, религиозна групација во која се негуваат блиски и силни врски меѓу членовите.