Ова се зналепници.
Зналепниците се граѓанска одбрана од автомобилскиот лавиринт во кој е претворен нашиот град.
Зналепници се прават вака: Се растопуваат две пакетчиња желатин или 2-3 лажички смеса за желе во 5-6 лажици загреан алкохолен оцет, а откако ќе се изедначи и тргне од оган му се вмешува едно пакетче лимонтус. Оваа смеса се мачка со четка врз претходно испечатени листови кои се оставаат убаво да се исушат. Откако се суви, се сечат на одделни зналепници, се носат секогаш со себе и не се штедат. Смесава е доволна за 15-20 листови А4. Се користат како поштенски марки, се лижнуваат и убаво се прилепуваат на автомобилот-пречка.
ПРЕЗЕМЕТЕ ГИ ЗНАЛЕПНИЦИТЕ ВО .ПДФ
* Гушка за Сара