
А само вчера имавме „floodlighting“ како термин за токсична појава во врска.
Името на теоријата на пластична кеса е ново, но концептот не е баш - партнерот е go with the flow, а всушност е емотивно мрзлив.
Терминот го популаризираше Алесандро Фросали на Инстаграм - работи како „коуч“ за мажи и во видео им се обрати на тема менталниот товар што им го препуштаат на нивните партнерки.
Сепак, и мажи и жени можат да бидат пластична кеса и не е само на социјални мрежи - и психолози се вклучуваат. Според нив, она што на почетокот изгледа како сигурност во партнерот, подоцна се открива дека е заплетканост и неспособност да се биде присутен во врската.
Како да препознаеш дали си ти пластичната кеса?
Немаш чувство за себе - ако немаш интереси, вкусови, правец во разговорот. Отпрвин звучи супер да имаш партнер што вика „ќе одиме кај што сакаш ти“ или ги сака истите нешта како тебе, но тоа става нефер товар само на една личност во врската, што сега одеднаш има задача да ги носи сите одлуки.
Не иницираш важни разговори - ако ти е мачно да почнеш важен разговор, ако дискутираш само „големи“ теми како пари, семејство или секс и интима, и тоа кога ќе те прашаат, па на крај пак ќе кажаш „сѐ што ти се свиѓа тебе и мене ми се свиѓа“.
Не знаеш што сакаш - „опуштен“ партнер може всушност да се бори да дефинира што сака, што му треба, какви вредности има, какви мислења - и тоа е проблем. Може да биде едноставно - каде на одмор, а може да биде и посериозно - каде води врската.
Делегираш ментален товар - Ова е еден од најштетните исходи на пластичната кеса - нееднакво распореден ментален товар. Обично партнерот што не е пластична кеса ги носи сите големи одлуки и планови за врската и тоа му станува претешко. Затоа, како што прогресира врската, вреди да се загледаш кој ја носи и кој ја движи напред.