На државни посети:
"Глуви сте, а? Не е ни чудо што сте глуви кога стоите близу до нив", на група глуви деца кои стоеле во близина на карипски бенд кој свири на лимени барабани, 2000-та година.
"Изгледаш ко да се спремаш за спиење", на претседателот на Нигерија облечен во традиционална облека.
"Уште си фрлате копја еден на друг?", на абориџинскиот лидер за време на посета на Абориџински културен парк во Квинсленд, 2002-ра.
"Не дојдовме овде заради нашето здравје. На ум имаме еден куп начини за уживање", на патување во Канада, 1976-та.
"Успеа да останеш неизеден?", на британски студент кој пешачел низ Папуа Нова Гвинеја, 1998-ма.
"Нели повеќето од вас потекнуваат од пирати?", на жител на Кајманските острови, 1994-та.
Во Европа:
"Многу сакам да одам во Русија, иако тие копилиња ми убија пола семејство", во 1976-та, кога го прашале дали сака да го посети Советскиот Сојуз.
"Глупаво прашање!", на новинар на БиБиСи на прием во Елисејската Палата, кој ја прашал Кралицата дали ужива во престојот.
"Залудно искористен простор", на гостите на отворањето на новата британската амбасада во Берлин вредна 18 милиони фунти, 2000-та година.
"Толку долго престојуваш тука? Нема шанси, инаку би имал пивски стомак", на британски турист кој го сретнал во Будимпешта во 1993-та.
Во Шкотска:
"Како успевате да ги држите кандидатите подалеку од алкохол доволно долго за да го положат тестот?", на шкотски инструктор за возење во 1995-та.
"Изгледа како да ја составил Индијанец", ја коментирал разводната кутија во фабрика во Шкотска, август 1999-та. Подоцна се извинил: "Сакав да кажам каубоец. Ги помешав каубојците со Индијанци".
"Луѓето обично велат дека по пожарот, втора најлоша штета причинува водата. Ние сè уште го сушиме замокот Виндзор", на преживеаните од бомбашкиот напад во Локерби.
Во Кина:
"Ужасно", вака гласел неговиот впечаток за Пекинг за време на патување во Кина од 1986-та.
"Ако има четири нозе а не е столче, ако има две крила и лета а не е авион, ако плива а не е подморница, Кинезите сигурно ќе го изедат", на средба на Светскиот фонд за дива природа, 1986-та.
"Ако останеш премногу долго овде, ќе се вратиш дома со коси очи", на британска студентка во посета на Кина, 1986-та.
Во мултикултурната Британија:
"Има многу ваши роднини овде вечерва", откако го забележал беџот со името на бизнисменот Атул Пател, за време на прием во Бакингемската палата на кој присуствувале 400 влијателни британски Индијци.
"Кој е на дроги овде? Тој ми личи како да е дрогиран", на еден 14-годишен член на Бангладешки младински клуб.
"Сите се од исто семејство?", ги прашал членовите на танчерската група Diversity (Различност), 2009-та.
За жените:
"Британските жени не знаат да готват", обраќајќи му се на Шкотскиот институт на жените.
"Не мислам дека проститутките се поморални од сопругите, ама тие ја прават истата работа", отфрлајќи ја теоријата дека оние кои продаваат месо во кланица имаат поголем морален авторитет од оние кои учествуваат во крвави спортови.
"Значи тука било феминистичкото ќоше", на група лабуристички парламентарки, на забава во Бакингамската палата.
"Вие сте жена, така?", на една Кенијка, по примањето државен подарок.
"Ако не прди или не јаде сено, таа не е заинтересирана", за својата ќерка, принцезата Ана.
"Кога маж и отвора врата од кола на жена, или купил нова кола или нашол нова жена".
На познатите личности:
"Со што правиш гаргара? Со песок?", на Том Џонс во 1969-та. Подоцна додал: "Како е можно да се стане толку ценета личност, пеејќи толку грозни песни".
"Ох, значи ти си бил сопственик на тој ужасен автомобил. Често го гледаме кога излегуваме од Виндзор", на блискиот сосед Елтон Џон, откако слушнал дека го продал Астон Мартинот со амблем на фудбалскиот клуб Вотфорд.
"Камо среќа да го исклучи микрофонот!", за време на настап на Елтон Џон на 73-то Ројал Вараети Шоу, 2001-ва.
За храна и пијалаци:
"Донесете ми пиво. Не е важно какво е, важно донесете ми едно", откако поранешниот италијански премиер Џулијано Амаро на вечера во Рим го понудил со скапо вино, 2000-та.
"Не ги хранете зајаците со папаја, делува како средство за контрацепција. Всушност, тоа можеби нема да делува на зајаци", на карипски одгледувач на зајаци во Ангвила, 1994-та.
За класите и парите:
"Луѓето мислат дека овде постојат строги класни разлики, но некои војводи имаат земено жени што пееле во хор. Некои пак дури се венчале со Американци".
"Следната година ќе влеземе во црвено. Веројатно ќе мора да се откажам од играње поло", за финансиите на кралското семејство.
"Сите велат дека ни треба повеќе одмор а се жалат што не се вработени", изјавил среде рецесијата во 1981-ва.
За медиумите:
"Вам ви досаѓаат комарците а мене новинарите", на управничката на болница на Карибите.
Дијалог на прием на новинари по повод Златниот јубилеј на Кралицата, 2002-ра година:
Филип: "Кој сте вие?"
Сајмон Келнер: "Главниот уредник на Индепендент господине"
Филип: "А што барате тука?"
Сајмон Келнер: "Па, вие ме поканивте"
Филип: "Не си морал да доаѓаш"