Само еден фудбалер можеше да носи крената крагна на дрес и добро да му стои

Околу кренатата крагна на Ерик Кантона се исплетеа многу анегдоти, конспирации, теории на заговор. Тој ни самиот не памети кога почнал да ја носи така, ама знае зошто.

Кога во сезоната 2013/2014 на домашниот дрес на Манчестер Јунајтед ја вратиле крагната, новинарите го прашале Рио Фердинанд дали планира да игра со крената крагна. Рио им одговорил: „Постои само еден човек кој може да носи крената крагна на овој дрес - тоа е Ерик Кантона. А тој веќе ја заврши кариерата“.

Крената крагна долги години беше симбол на Французинот и преку него на Премиер лигата. Овој детал беше еден од главните во полумитскиот лик на Кантона.

ВЕЛАТ ДЕКА КРАГНАТА ПРВПАТ ЈА КРЕНАЛ ПРОТИВ АРСЕНАЛ

Биографот на Ерик Кантона, Филип Оклер, авторот на книгата Cantona: The Rebel Who Would Be King, многу пати го гледал овој гол на Кантона против Арсенал.

Филип Оклер е убеден дека тој ден, на 19 септември 1993 година Ерик Кантона првпат се појавил на терен со крената крагна на дресот.

Фотографиите и видеата од тој меч не даваат точен одговор („На тој натпревар некогаш му е спуштена крагната некогаш му е крената веројатно поради ветер и недоволно цврст материјал на дресот“, пишува Оклер во книгата). Најголема енигма е тоа што ни самиот Ерик не памети кога почнало сè.

Во интервју за FourFourTwo тој напишал: „Беше студен ден. Облеков дрес, крагната се крена и ја оставив така. Победивме и тоа ми стана навика.“

Во друго интервју, за француски L’Équipe, Кантона потврдил дека тоа било спонтано:

„Суеверие. Никаква маркетинг финта или обид за такво нешто. Многу мислеа зошто го правам тоа со крагната. Викаа: ’Сака да биде крал, сега се пореметил и изгледа како Елвис Присли’. Еднаш Нил Радок од Ливерпул проба да ме испровоцира, да ме исмева. Ја крена и тој крагната и го глумеше танцот на Елвис. Ама смешно му беше само нему“, рекол Кантона.

Во разговор со другарите, Ерик еднаш рекол: „Често ме болеа вратот и грбот, но болките престанаа кога почнав да ја кревам крагната“.

Таквото банално објаснување било доволно за навивачите да почнат да плетат конспирации и теории на заговор. Според една верзија, Кантона ја кревал крагната за да се гледа сквошот (знакот) на Nike на вратот. Но во тоа време опремата на Манчестер ја правел Umbro па теоријата паднала во вода.

Други пак смислиле верзија дека Ерик на тој начин криел некаква тетоважа I LOVE LEEDS. И тоа било грешно.

Со текот на времето крагната на Кантона стана симбол на англиската Премиер лига, а тој со крената крагна на дресот сними неколку култни реклами

6 септември 2018 - 13:04