По мотото „Фудбал за Мир“ на стадионот Ванда Метрополитано се изложени преку 80 дресови на фудбалски репрезентации како дел од кампањата на дипломатските претставништва. Меѓу нив и на македонската амбасада во Шпанија, за промоција на фудбалот како механизам за градење мир и благосостојба меѓу земјите, но и како средство за пријателство меѓу народите во светот.