Немаме ниедна причина да се надеваме, ама ете, се надеваме дека овојпат некои ________ (вметни нешто погрдно) нема да шпекулираат како што правеа за последната трагедија во Стајковци, дека бројот на жртвите е поголем од оној што се кажува ама тоа се крие бидејќи на роднините им биле давани пари за да ќутат.
Бидејќи во таквите глави, нема ништо чудно да ќутиш за загинат син, внук или кој и да е друг близок, ако ти дадат пари. Таквите глави и медиумите кои ги пренесуваа, на времето ги стававме онаму кај што им е место, на дното.