На церемонијата кога навивачите и клубот го лансираа Французинот во вечноста, присуствуваа многу поранешни соиграчи на Паркер: Тим Данкан, Ману Џинобили, Дејвид Робинсон, Борис Диао, како и неизбежниот Грег Попович, икона на Сан Антонио.
It's official!@tonyparker's No. 9 jersey will live on in the rafters forever. #MerciTony pic.twitter.com/DNqrnZLRew
— San Antonio Spurs (@spurs) November 12, 2019
Најдобриот француски кошаркар во историјата беше драфтуван од Спарс во 2001 година и во црно-белиот дрес со број 9 помина цели 17 сезони.
Освои четири шампионски титули (2003, 2005 , 2007 и 2014).
Во 2007 година беше избран за МВП на финалната серија. Паркер дури шест пати играше на Ол-Стар и четири пати го бираа во симболично најдобриот тим на сезоната во НБА. Тони е апсолутен лидер во историјата на Сан Антонио по бројот на асистенции во регуларен дел од сезоните (6.829) и плејофот (1.143).
Merci Tony pour tous ces moments de bonheur partagés!@tonyparker | #MerciTony pic.twitter.com/xn858VB8f9
— San Antonio Spurs (@spurs) November 12, 2019
Во сезоната 2018/2019 Французинот одигра неколку натпревари за Шарлот Хорнетс, а во јуни годинава објави дека и официјално ја прекинува активната кариера.
Бројот 9 кој со гордост го носеше стана десетти кои се крена под сводовите на култниот AT&T Center. Таму висат дресовите на Џејмс Сајлас (13), Џорџ Гервин (44), Џони Мур (00), Дејвид Робинсон (50), Шон Елиот (32), Евери Џонсон (6), Брус Боуен (12), Тим Данкан (21) и Ману Џинобили (20).
Интересно, градоначалникот на Сан Антонио, Рон Ниренбург соопшти дека градската власт одлучила 9 ноември да биде прогласен за „Ден на Тони Паркер“.
Извршниот директор на Спарс, како и илјадници љубители на кошарката, не можеа да ги додржат солзите за време на повлекување на дресот на Паркер од употреба во знак на чест на оваа легенда.
„Растевме заедно во нашето дело и многу го сакав секој момент од овој процес. Ти многу даде за нашиот програм, за нашето семејство. Времето кое го поминавме заедно е најдобро во мојот живот. Ја ценам твојата доверба која што ми ја пружи. Секогаш ќе те сакам. Мерси Тони“, рече извшниот директор Ар Си Бафорд и заплака:
"I'll love you forever."
— San Antonio Spurs (@spurs) November 12, 2019
RC Buford shares an emotional message to @tonyparker. #MerciTony pic.twitter.com/CDk88diAxQ