Таг: сан антонио спарс

Спарси побајаги откачиле по првиот пик на драфтот

Виктор Вембанјама вчера пристигна во Сан Антонио како ново големо засилување и прв пик на драфтот за 2023-та. Се работи за многу талентирано момче кое има само 19 години, а е висок 226 см. За него се крена огромна фама, ама не знаевме дека до толкава мера одлепиле во Тексас.

Зошто хрватски кошаркар доби отказ кај Грег Поповиќ?

21-годишниот Лука Шиманиќ од Загреб, во 2019-та дојде во НБА лигата како 19 пик на драфтот. Иако член на Сан Антонио, Спарси го праќаа најчесто во нивната филијала. Играше уште и за Барселона и Олимпија Љубљана, а сега добива отказ од НБА франшизата на точно 1 недела до стартот.

Големиот Грег Поповиќ за Дуда Ивковиќ

Великанот на европската и светска кошарка Душан Дуда Ивковиќ почина во четвртокот во Белград на 78-годишна возраст. Пораки со сочувство до неговото семејство пристигнуваат од целиот свет, а за тоа колку Дуда беше голем покажа и пораката од еден од најдобрите НБА тренери во историјата.

Игра во НБА, а влегува во игра со рамбовка

Познато е дека Сан Антонио Спарс носат црни дресови, ама не клот нели? Има бројка, име и сл. Австриецот Јакоб Поетл од Сан Антонио Спарс влезе во игра како да скокнал од кауч, а не од клупата за резерви. Грег Попович му е тренер, така што тешко дека ќе си го дозволи истиот кикс.

Многу, многу луд непризнат кош на Харден со чистач на сред терен

На големото дерби Сан Антонио - Хјустон при една контра, Џејмс Харден заби, ама поените контроверзно му беа поништени затоа што топката чудно се врати од мрежата и излезе надвор од обрачот. Тоа беше при резултат 104:89 за Спарси кои на крај после продолженија победија со 2 разлика 135-133.

Дресот на Тони Паркер отиде во вечноста, а Сан Антонио го прогласи 9 ноември за Паркер ден

После мечот со Мемфис (109:113), на домашниот паркет во арената на Сан Антонио се одржа церемонија во чест на овековечување на бројот на Тони Паркер, легендата на Спарс и НБА.

Невозможно е да поверуваме дека Ману нема да се врати

Ману влегува во 41 година и просто не ни е верно дека ова би можела да му биде последна сезона и дека веќе нема да го гледаме на паркетите.

Симпатичниот буцко што доби 1.000 долари за најдобар танц во НБА

НБА е шоу. Не само на паркетот, туку и на трибините. За време на паузите за публиката се организираат разни игри. Така за време на полувремето од мечот Оклахома - Сан Антонио се одржа Oklahoma Lottery Victory Dance. Камерата по случаен избор наоѓа гледачи кои се натпреваруваат кој подобро ќе денса. Победникот добива 1.000 долари.

Поп за претседател на Америка

Почна од зафрканција, со печатени маици и капи Pop for President, но тренерот на Сан Антонио од изјава во изјава покажува зошто е голем. Последно што кажа е дека „САД мора на големо да го одбележуваат Месецот на историјата на црните луѓе зошто Америка и натаму е расистичка земја“.

Ману Џинобили и кога додава - дава кош

Кошаркарите на Сан Антонио со 100:91 славеа на гостувањето кај Њујорк Никси а моментот на мечот го имаше идниот член на “Куќата на славните“, Аргентинецот Ману Џинобили. Дури тројца судии не видоа дека даде кош, па мораа да се консултираат со видео репетиција.

Момент на денот во НБА

На првиот меч од финалето на Западот, Сан Антонио испушти предност од цели 25 поени и на крајот славеше Голден Стејт со 113:111. Стефон Кари одигра чудесно со 40 поени и седум скокови, а го имаше и моментот на мечот кога ја реши партијата на 9 секунди пред крајот.

Мали дојди малце да ти кажам нешто

Џејмс Харден - брадата ноќеска оствари трипл-дабл учинок од 33 поени, 10 асистенции и 10 скокови. Сè е тоа џабе кога Ману Џинобили на крај цврсто ќе реши Сан Антонио - Хјустон да биде 3:2. Оп, шлап, рампа и крај на мечот.

Почнува Плејоф шоуто во НБА, кој против кого?

Плејоф лудницата во најдобрата светска лига започнува викендов, а ќе гледаме неколку мега-дуели како оној на Леброн против Пол Џорџ, Харден против Вестбрук или Антетокумпо против ДеМар Дерозан.

Грег Поповиќ во легендата - 1.128 победи со еден тим

Со успехот против Денвер, Грег Поповиќ стана тренер со најмногу победи со еден ист тим во историјата на НБА и го надмина идолот од детството Џери Слоан од Јута Џез.

Како Коби го добил името по специјалитет од Јапонија

За еден од најдобрите на сите времиња зборуваа дека одбрал да носи број 24 како синоним за напорните тренинзи 24 часа. Освои пет шампионски прстени, салите ширум САД се полнеа поради него, а Лос Анџелес го прогласи 24. август за Ден на Коби Брајант.

Како цел Сан Антонио го славеше Денот на Тим Данкан

Вака големо уважување кон еден играч во НБА ретко кој град имал како што тоа го манифестираше Сан Антонио вчера, официјално на Денот на Тим Данкан. И старо и младо му изрази благодарност за се што направи во црно-белиот дрес 21.

Дојде и тој момент - ќе ни фали господин Тим Данкан

Една од најславните кариери во историјата не само на кошарката, туку и на спортот воопшто заврши, откако Тимоти Данкан одлучи дека нема сили за 82 меча и плејоф во една сезона.

Непризнатиот погодок на Кари од повеќе од пола терен

Актуелниот шампион славеше во Тексас против Сан Антонио после цели 19 години и 33 порази по ред од Спарси. Воините на тој начин ја прекинаа и серијата на тимот на Грег Поповиќ од 39 последователни победи на свој терен (48 со сè ланската сезона). Голден Стејт воедно го изедначи рекордот на Чикаго Булс од сезоната 1994/1995 со 72 победи во регуларен дел од сезоната. Јунак, кој друг ако не Стеф Кари со 37 поени.

Најнеобично спортско семејство

Поранешниот играч на ЦСКА Москва, Нижњни Новгород и српски репрезентативец, Бобан Марјановиќ е висок 221 см, а неговата сопруга Милица има 161 см.

Грег Поповиќ: Боби е најсебичниот играч што сум го видел

Иако даде 19 поени за 14 минути со 4 скока и една украдена топка, високиот Бобан Марјановиќ беше суптилно критикуван од неговиот тренер. „Тој е еден од најсебичните играчи кои сум ги видел. Шутира баш секој пат кога ќе ја добие топката. Неверојатно! Утре треба да им се извини на соиграчите што е толку алчен. Сè прави само да го види своето име во весник", се насмеа и во свој стил се пошегува Поп со новинарите.

Грег Поповиќ е Грег Поповиќ

Суптилно, кратко, јасно и гласно. Без многу тетеравење, во свој стил, Грег Поповиќ одговори зошто неговиот Сан Антонио одиграл лоша прва четвртина.

Како Грег Поповиќ станал тренер?

„За разлика од другите тренери, Поп навистина сака да знае како сте, како живеете. Ја разоткрива вашата личност и точно знае што можете а што не“, раскажува за првите тренерски денови на Грег Поповиќ еден од тогашните студенти на колеџот Помон.

Данкан асистира и од земја, Голден Стејт до осма победа

Кошаркарите на Атланта Хокс на полувремето губеа дури 30 разлика од Минесота Тимбервулвс, по што Џеф Тиг и Ал Хорфорд сакаа да се степаат со противничките играчи. ЛА Клиперс го доби дербито со Мемфис.