Поп за претседател на Америка

Почна од зафрканција, со печатени маици и капи Pop for President, но тренерот на Сан Антонио од изјава во изјава покажува зошто е голем. Последно што кажа е дека „САД мора на големо да го одбележуваат Месецот на историјата на црните луѓе зошто Америка и натаму е расистичка земја“.

***

Black History Month се одржува еднаш годишно во Канада и САД во февруари и во Холандија и Велика Британија во октомври. Служи да потсети на големата улога за општеството која што познатите црни луѓе ја имале низ историјата.

16 февруари 2018 - 10:35