Грег Попович најави дека планот пред дуелот Сан Антонио - Далас им е да го задржат Лука Дончиќ под 50 поени. Спарси загубија 126:125, со уште една нова мангупарија на Словенецот од слободни фрлања, кој мечот го заврши со 51 поен, 9 асистенции и 6 скока.
Великанот на европската и светска кошарка Душан Дуда Ивковиќ почина во четвртокот во Белград на 78-годишна возраст. Пораки со сочувство до неговото семејство пристигнуваат од целиот свет, а за тоа колку Дуда беше голем покажа и пораката од еден од најдобрите НБА тренери во историјата.
После мечот со Мемфис (109:113), на домашниот паркет во арената на Сан Антонио се одржа церемонија во чест на овековечување на бројот на Тони Паркер, легендата на Спарс и НБА.
„Кога го прашаа не знаеше што да каже, се тресеше како мало дете“, рече американскиот претседател за легендарниот Стив Кер, кој во неколку наврати се приклучи на одлуката на Вориорси да не ја посетат Белата куќа како шампиони во НБА (2017 и 2018).
Американската репрезентација го претрпе и вториот пораз на Светското 2019. По Французите, скалпот им го зема и Србија која претпладнево беше подобра со 94:89 (32:7, 12:33, 27:28, 23:21). Кемба, Мидлтон и другарите ќе завршат 7-ми или 8-ми.
„Воопшто не е важно кои дечки не дошле, важни се момците кои се тука, кои жртвуваа цело лето за да бидат овде. Непочит е и кон Франција да зборуваме за тоа кој не дошол. Важни се овие 12 кои дојдоа“.
Грег Поповиќ и Стив Кер ја платија сметката на многуте откази во репрезентацијата. САД - Франција 79 - 89 (18-18, 21:27, 27:18, 13:26) и „триколорите“ во полуфинале против Аргентина. Америка со најслаб пласман на Мундијал во последните неколку децении.
Кошаркарската селекција на Америка, во пријателска средба пред стартот на Светското првенство, ја совлада Австралија пред 51.218 гледачи во Мелбурн. Мечот го одбележаа неколку интересни моменти.
Средата беше уште еден ден кога се појави уште еден твит за уште еден отказ од суперѕвезда во Тимот САД за Мундијалот во Кина за повеќе од еден месец. Како тргнале работиве, големиот Поп ќе мора да крпи со постоечкиот кадар.
Легендарниот Грег Поповиќ кој неодамна стана селектор на Америка, остана и без новиот кошаркар на ЛА Лејкерс Ентони Дејвис за Мундијалот, така што САД ќе бидат без уште една супер ѕвезда.
Славниот тренер на Спарси е познат по тоа што сака да соработува со странски кошаркари, а сега објаснува како се почувствувал кога за прв ја видел најславната кошаркарска генерација на Југославија на едно место.
Почна од зафрканција, со печатени маици и капи Pop for President, но тренерот на Сан Антонио од изјава во изјава покажува зошто е голем. Последно што кажа е дека „САД мора на големо да го одбележуваат Месецот на историјата на црните луѓе зошто Америка и натаму е расистичка земја“.
Со успехот против Денвер, Грег Поповиќ стана тренер со најмногу победи со еден ист тим во историјата на НБА и го надмина идолот од детството Џери Слоан од Јута Џез.
Сан Антонио му се поклони и го повлече легендарниот дрес со број 21, кој го носеше еден од најголемите играчи во историјата. Немаше солзи, бидејќи тоа не е во стилот на Спарси. Грег Поповиќ му се доближи и му го кажа најубавиот комплимент: Ист си како кога прв пат стапна тука.
Една од најславните кариери во историјата не само на кошарката, туку и на спортот воопшто заврши, откако Тимоти Данкан одлучи дека нема сили за 82 меча и плејоф во една сезона.
Актуелниот шампион славеше во Тексас против Сан Антонио после цели 19 години и 33 порази по ред од Спарси. Воините на тој начин ја прекинаа и серијата на тимот на Грег Поповиќ од 39 последователни победи на свој терен (48 со сè ланската сезона). Голден Стејт воедно го изедначи рекордот на Чикаго Булс од сезоната 1994/1995 со 72 победи во регуларен дел од сезоната. Јунак, кој друг ако не Стеф Кари со 37 поени.
На времето знаевме за Романецот Мурешан кој со своите 2,34 беше највисокиот кошаркар кој играл во НБА лигата. Денес нема толку, но има приближно високи кошаркари во најдобрата лига на светот.
„За разлика од другите тренери, Поп навистина сака да знае како сте, како живеете. Ја разоткрива вашата личност и точно знае што можете а што не“, раскажува за првите тренерски денови на Грег Поповиќ еден од тогашните студенти на колеџот Помон.
Легендарниот тренер на Сан Антонио, Грег Поповиќ е познат по кратките одговори на прашањата, посебно за време на прес конференциите затоа што не сака таков вид на комуникација. Овој пат си поигра со еден новинар, кој на крајот покажа знаци на нервоза.
Прес конференциите на еден од најтрофејните тренери во НБА се редовно најпосетени. Поповиќ редовно и досетливо ги засмева новинарите, а синоќа ги тролаше затоа што поставувале глупави прашања, а тој едвај чекал да оди да јаде и пие. Неговиот Сан Антонио синоќа загуби од ЛА Клиперс.