Освен што се изборија за полуфинале, Французите обезбедија и виза за Олимписките игри во Токио следната година, а Американците ќе играат против Србија во борбата за пласман од 5 до 8 место. Ова беше воедно и прв пораз на Америка на едно големо натпреварување после 2006-та година кога изгубија од Грција.
2006 - USA have lost their first game in a FIBA major tournament (Olympics, #FIBAWC and AmeriCup) since 2006. Shock. #FIBAWC2019 #WorldGotGame pic.twitter.com/54jW8Q9FyS
— OptaLarry🏀 (@OptaLarry) September 11, 2019
САД на патот до четвртфинале убедливо славеа против Јапонија, Грција и Бразил, единствено Турција им пружи сериозен отпор и ги однесе во продолженија.
Мечот против Французите попладнево го започнаа со помал број поени во првите две четвртини, двете селекции се менуваа во водство и ниту едните ниту другите не се одлепија во првата четвртина која заврши 18-18.
.@NandoDeColo converts from DEEP as @FRABasketball 🇫🇷 open up a lead! #USAFRA
— Basketball World Cup (@FIBAWC) September 11, 2019
📽 https://t.co/U6RPjx3FuZ
📲 https://t.co/6BBBf6oObD pic.twitter.com/fAu0jUQ2iq
Стартот на вториот период донесе еден куп тројки. Французите решетаа, а Мичел имаше одговор за секој нивен обид да се тргнат. Лидер кај селекцијата на Венсан Коле беше искусниот центар на Јута Џез Руди Гобер, но и Еван Фурние кој во првото полувреме постигна 13 поени.
На паузата Фреанција имаше 45:39.
Она што им се случуваше против Турција, и денес ги следеше Американците. Донован Мичел немаше поддршка во соиграчите, а Гобер, Фурние и Де Коло го полнеа кошот на САД и подвигот беше пред врата.
Грег Поповиќ со пар тајм-аути успеа да ги соземе своите играчи, па на почетокот на последната четвртина САД имаа 66:63. Но Франција пак успеа импресивно да се врати од -5 и да поведе по маестралниот влез на Фурние. На крајот Америка како да се помири со поразот после промашените слободни фрлања во финишот и „триколорите“ отидоа на +10.
Конечни 89:79 за Франција и голем историски триумф над првиот фаворит за злато.
Најдобар во победничкиот состав беше Руди Гобер со 21 поен, 16 скока, 2 асистенции и 1 блокада. Еван Фурние постигна 22 поени, со 3 скока и 4 асистенции, а Нандо Де Коло запиша 18 поени.
Донован Мичел кај САД постигна 29 поени со 6 скока и 4 асистенции.
Сега во полуфинале, Гобер и другарите во петок ќе играат против незгодните Аргентинци предводени од ветеранот Скола и Кампацо, а Америка во четврток од 13:00 ќе се бори за 5. место со Србија. Ова ќе биде најлошиот пласман за Американската кошарка во последните неколку децении.