Американската репрезентација го претрпе и вториот пораз на Светското 2019. По Французите, скалпот им го зема и Србија која претпладнево беше подобра со 94:89 (32:7, 12:33, 27:28, 23:21). Кемба, Мидлтон и другарите ќе завршат 7-ми или 8-ми.
Грег Поповиќ и Стив Кер ја платија сметката на многуте откази во репрезентацијата. САД - Франција 79 - 89 (18-18, 21:27, 27:18, 13:26) и „триколорите“ во полуфинале против Аргентина. Америка со најслаб пласман на Мундијал во последните неколку децении.
Ај што кошаркарот на Шарлот се заборави па си трчкараше со топката во раце, туку што судиите не видоа ништо од тоа на мечот против Сан Антонио. Се прашуваме како на ова би реагирал еден наш привремен кошаркарски коментатор.