Даниел Хакет е еден од најдобрите плејмејкери во европската кошарка во последните неколку години. Годинава ја освои Евролигата со ЦСКА Москва, а претходно играше во Олимпијакос, Олимпија Милано, Сиена, Тревизо и Бросе Бамберг. Во моментов ја предводи Италија на Светското во Кина, а коментаторите начекаа прилика да ја решат дилемата околу изговорот на неговото презиме.