Ветеранот Луис Скола сам ја прегази Франција

Со 39 години, Луис Скола постигна неверојатни 28 поени и имаше 13 скока и 2 асистенции за импресивен триумф на Аргентина против Франција 80:66, во полуфиналето на Светското првенство. Сам се бореше против далеку помлади гиганти и поспремни атлети од него. Аргентинците во недела (14:00) ќе играат против Шпанија во големото финале за златниот пехар.

На денешнниот меч Скола стана и рекордер по бројот на постигнати поени во нокаут натпреварите од Светските првенства. Луис има 214 во кариерата и го надмина Хуан Карлос Наваро кој имаше 213 до денес.

LU I S
S C O L A
🔥🔥🔥🔥🔥🔥🔥 pic.twitter.com/jpTUaSAGQ1

13 септември 2019 - 16:07