Со 39 години, Луис Скола постигна неверојатни 28 поени и имаше 13 скока и 2 асистенции за импресивен триумф на Аргентина против Франција 80:66, во полуфиналето на Светското првенство. Сам се бореше против далеку помлади гиганти и поспремни атлети од него. Аргентинците во недела (14:00) ќе играат против Шпанија во големото финале за златниот пехар.