Аргентина игра одлична кошарка на Олимписките Игри во Токио и како една од двете најдобро третопласирани селекции оди во четвртфинале.
За таквиот успех на „гаучосите“ огромни заслуги носи и Луис Скола. Аргентина во решавачкиот дуел за пласман во следна фаза, го совлада домаќинот Јапонија со 99:77, а главен јунак на триумфот беше Скола.
Ветеранот уфрли дури пет тројки и мечот го заврши со 23 поени и 10 скока. За Скола ова дури петти Олимписки Игри што е неверојатен факт.
Одличен настап имаа и Кампацо со 17 поени, Дек со 16 и Делијер со 14.
За четвртфиналните дуели ќе има ждрепка што е новост на Олимписките Игри. Во оваа фаза повластени ќе бидат сите првопласирани и најдобриот второпласиран состав од групната фаза. Сите останати ќе бидат неповластени.