За својата љубов кон кошаркарската топка Скола зборувал многу пати низ кариерата.
„Татко ми беше аматерски кошаркар. Ме нервираше неговиот дневен распоред: од сабајле одеше на работа во банка, па се враќаше дома за да се види со нас, а после одеше на тренинг во девет-десет часот навечер. Одеше по целата земја каде играше на разни турнири. Лично не заработуваше ништо но и не играше за пари. Памтам како се прашував себе зошто го прави тоа. Толку многу ја сакаше играта што ги зарази сите околу со неа. Играше она што јас го викам „прав баскет“ - исклучително од љубов кон играта.
Јас секогаш и секаде одев со него така што прашање на време беше кога ќе се навлечам на баскет. Ставивме обрач кај нас во гаража и почнавме заедно да тренираме дриблинг и шут. Тоа е нормално за една Америка, ама во Аргентина во ’80-те нас не гледаа како будали“, раскажува ветеранот.
На 7 години Луис Скола почнал активно да игра кошарка, а на 12 дебитирал за јуниорската репрезентација на Аргентина. Веќе на 15 го потпишал првиот професионален договор.
Во 1999-та ја освоил првата награда со Аргентина - сребро на првенството на Јужна Америка и бронза во шампионатот на Америка.
Потоа освои еден куп титули низ годините: шампион на Шпанија со Басконија, МВП на шпанска лига, голем историски триумф над САД во 2004, победа над ЦСКА во Москва во финале 2005, злато на Олимпијада во Атина, бронза на Олимпијада во Пекинг, меч за бронза во Лондон, рекордни поени, десет сезони во НБА, сребро на Светско првенство 2002 и сребро на Светско првенство 2019.
За овие 22 години во дресот на Аргентина менуваше фризура, брада, начин на облекување, само едно нешто не смени: каде и да играше, без оглед колкав товар паѓаше на него, што год да му се случило во животот, тој секогаш правеше се за да не ги пропушти натпреварите на својата земја и да се појави на сите големи турнири.
Последните пет години тоа му се преврати дури и во манија: Скола не застана ни кога сите негови сопатници од „златната генерација“ на Аргентина веќе одамна ги завршиле кариерите. Напротив само тренирал уште повеќе, работел уште повеќе, ја тестирал спремноста, го трансформираше своето тело во модерната кошарка, стана поподвижен и подобро напаѓаше од дистанца.
На 42 години на Олимпијадата во Токио одново ја поведе својата репрезентација во улога на лидер, и помогна на Аргентина да влезе во плејоф, билдаше дабл-дабл учиноци.
Во неговата нова екипа никој не веруваше додека Аргентина не стигна до четвртфиналето каде Австралија беше посилна.
Момент за паметење ќе биде времето 37 минути и 11 секунди, во самиот финиш.
Селекторот на Аргентина Серхио Ернандез го замени Луис Скола за последен пат. И тука заврши 22-годишниот пат на големиот „гаучос“ кој никого не остави рамнодушен.
Мечот Австралија - Аргентина во 1/4 финале се прекина на неколку минути за сите присутни (новинари, волонтери, претставници, делегати, противници, соиграчи па дури и судии) да се простат со легендата. Со човекот чија љубов кон оваа игра секогаш ги надмина дури и неговите кариерни тимски достигнувања, дури и сумите од богатите договори, дури и неговиот значај за аргентинската кошарка.
Снажниот Луис Скола беше изненаден и погоден. Се расплака. Изјави дека не ни помислил дека овој меч би можел да биде последен за него и ќе има толку големо значење.
После призна дека веројатно тука завршува. „Мислам дека немам доволно енергија да играм на нивото на кое сакам да играм. Моето заминување е само прашање на време. Најверојатно веќе нема да играм“.