11-те Летни Олимписки игри се одржале во Берлин 1936, за време на нацистичка Германија. Се натпреварувале 3.963 спортисти (3.632 мажи и 331 жени) од 49 земји во 19 спортови. Германците доминантни со 101 медал од кои 38 златни, пред Американците втори со 57 од кои 24 златни. Адолф пак е немирен.
Таа нивна битка на Олимписките игри датира од полуфиналето во Пекинг 2008. Тука Рафа има 22, а Новак 21 година. Шпанецот победи 2:1 и се пласираше во финале каде го совлада Чилеанецот Фернандо Гонзалес и тоа му е единствен златен олимписки медал. Ѓоковиќ остана на бронзата.
Додуша, ич не му беше ќеиф кога на 100 метри (и уште во три дисциплини) победи црниот Џеси Овенс, но дури и Хитлер дозволи на Олимпијадата во Берлин 1936 да учествуваат оние кои ги сметаше за нижи раси. Зеленски пак, не сака ни да види Руси на Олимписките игри во Франција.
Долго време во повеќе дисциплини стојат рекорди од пред неколку години и никако никој да ги урне. Дали се дојде до максимумот на човековите физички резерви или нешто друго е во прашање.
Кошаркарите на Соединетите Американски Држави го освоија олимпиското злато со триумф над селекцијата која им го нанесе првиот пораз на стартот од турнирот.
Прилепчанката Пуликсенија Јованоска дебитираше на олимпискиот карате турнир, односно во дисциплината кати која за првпат во историјата се придружи на олимписките спортови. 9-то место за нашата претставничка која се обрати до јавноста.
Многумина ја знаат историјата на Луис Скола и неговата вечна страст кон кошарката и својата земја. Аргентинецот на 42 години се збогува со националниот дрес на Олимписките Игри во Токио.
Долга е листата на спортови од кои некои се прилично популарни и гледани, кои бараат свое место на Олимписки Игри кои се одржуваат на секои четири години. Некои од нив апсолутно заслужуваат да се најдат во програмата на Олимпијада.
Со мала импровизација, можно е да се направат пристојни услови за тренинг за време на карантинот кој владее глобално. 20-годишната српска пливачка Ања Цревар се одржува во форма во импровизиран базен дома. Таа веќе обезбеди олимписка виза за Токио 2021.
Ако на времето можело олимписки спортови да бидат влечење со јаже, качување по јаже и пукање во галеби, тогаш ова нешто денес во 2020-та година заслужува да му се даде шанса. Би бил еден од погледаните. Игрицава се вика fast sling puck и претежно се игра во Русија и во некои азиски земји.
Во емисијата Highly Questionable која оди на ЕСПН, водителите и гостите се исмеваа со ракометот и викаа дека Леброн и уште двајца поранешни НФЛ играчи би се прошетале до златен медал во ракомет.
Холандската атлетичарка Мадија Гафур во јуни годинава беше уапсена во Германија откако ѝ пронашле 52 килограми дрога. Судот ја прогласил за виновна и ја осудил на 8 ипол години затвор.
Фудбалот на Олимписките Игри 1996, а и секогаш, e една од најгледаните дисциплини, зошто практично сите репрезентации на Светското 1994 во Америка во своите состави имаа млади ѕвезди кои после се појавија на ОИ.
На 31 август во Кина стартува Светското кошаркарско првенство, но никаков Дрим-тим од Америка на кој сме навикнати нема да гледаме. Причините се разни а една е и конспиративна и поврзана со претседателот на САД.
Ај што се тегнеле со јажиња, во тоа нема ништо лошо. Или што имало олимписки спорт кој подолго ќе нурка. Ама што убивале птици, тоа е факт од кој во Меѓународниот Олимписки Комитет се срамат ден-денес.
Легендата на алпското скијање пред неколку недели призна дека се предава во борбата со честите повреди: „Срцето и разумот ми говорат дека можам да настапувам уште, но телото се противи“.
По Франческо Тоти во фудбалот, Коби Брајант во кошарката, сега уште еден легендарен спортист ќе ги закачи патиките на клин и ќе се збогува од активното трчање.
Олимписките игри се интересни не само за гледање, туку и за проучување, а истовремено колку се брилијантни, толку се и тажни затоа што олимпијците секојдневно, цели четири години се спремаат за Игрите вежбајќи една иста работа.
Од прашливите патеки во сиромашната Кенија, Самуел Ванџиру стана најмладиот олимписки рекордер во историјата. За жал не можел да се носи со славата и притисокот на златниот медал и брзо се пропил. Животот го завршува трагично а зад себе остави многу прашања без одговор.
Буквално од никаде, Вејд ван Никерк кој тргна од осмата патека на финалната трка мажи на 400 метри не само што стигна до златото туку го сруши и светскиот рекорд стар 17 години.
Имаат извонреден талент и време од 834 недели за да се спремат тип топ за Олимписките игри во 2032. Домаќинот се уште не е познат, но дел од олимпијците ќе бидат овие.
Пресметките велат дека во Рио ќе се фрлат 20 милијарди евра за Олимпијадата, сума на пари која човек не може да ја изброи со раце. Олимписките села и борилишта потоа стануваат пустош, а на некој му текнало и “генијална идеја“ за тоа што да направи со маскотите во Пекинг.