ФУДБАЛ ВО САЛА - ФУТСАЛ
Правата за настап на Олимписки Игри му припаѓаат на МОК (Меѓународниот Олимписки Комитет), а фудбал во сала не се игра на Олимпијада поради несогласувања со ФИФА кои го отежнуваат настапот на овие спортисти на Игрите.
Е-СПОРТОВИ (Електронски спортови)
Необичните ESports претставуваат нов концепт на спорт. Пандемијата во 2020 ги примора организаторите на Олимписките Игри да ја преместат Олимпијадата но МОК организираше виртуелни Игри кои во иднина би можеле да имаат сопствен настан или макар пробен тест на некои ОИ.
ПАДОБРАНСТВО - СКОКАЊЕ СО ПАДОБРАН
Новите технологии придонесоа и уште придонесуваат за подобрување на опремата и материјалот на учесниците во овие манифестации, но тоа за сега не е популарно за МОК, но има сè поголем интерес за скокови со падобран што во иднина би можело да биде една од олимписките дисциплини.
ПИКАДО
Уште во 2012-та се зборуваше дека пикадото ќе биде тестиран како потенцијален спорт за Олимписки Игри, но за сега нема ништо официјално. Последен пат пикадо демонстративно се играше на Олимпијадата 1992 во Барселона.
ПЕТАНК
Ова е дисциплина која спаѓа во категоријата кугларски спорт. Петанка во моментов се наоѓа на опсежната листа спортови за Олимписките Игри во Париз 2024, но во моментов не е олимписки спорт.
ШАХ
Еден од најстарите спортови на светот. Не е дел од програмата на Олимписки Игри иако се организираат изложбени турнири додека трае Олимпијадата. Со сигурност заслужува да се најде на Игрите затоа што важи за мошне легендарен спорт.
ПАДЕЛ
Спорт кој е мешавина од тенис и сквош па најчесто може да се сретне и под името падел-тенис. Најчесто се игра во двојки, а правилата и системот на бодување се речиси исти како и во тенисот, единствено што во падел е вклучен и стаклен ѕид кој е дел од играта.
ПОКЕР
Кога станува збор за покерот, тука мислењата се поделени, а МОК сè уште нема никакави најави дека би можел да го уфрли како Олимписки спорт иако интересот и гледаноста на покер светските серии се сè поголеми.
АЕРО СПОРТОВИ
На Олимписките Игри нема летечки спортови. Трките и акробатиката се дисциплини кои би можеле да се појават на ОИ во иднина. Би било интересно да се следат.
МОТО СПОРТОВИ
Популарни спортови како Формула 1 апсолутно заслужуваат да се најдат на олимписката агенда. Истото важи и за мотоциклизмот кој има огромен аудиториум, а би можел да влезе и картингот. Овие спортови за сега се вон четворогодишните големи настани.
ФУДБАЛ НА ПЛАЖА
Како и за фудбалот во сала, така и за фудбал на плажа правата ги поседува ФИФА која никако да се договори со МОК околу евентуален настап на Олимписки Игри на фудбалерите на плажа како посебен спорт.
АМЕРИКАНСКИ ФУДБАЛ
Првпат егзибициски се појавил на Олимписки Игри 1932 во Лос Анџелес, но досега никогаш не бил официјален спорт на Олимпијада. Поради големиот интерес за Супер Боул ширум светот, МОК би можел да размисли да го внесе во натпреварувањата.
СНУКЕР
Билијарот за двајца, со различни правила, стана многу популарен последнава деценија поради што сè погласно се слушаат барања снукерот да биде вметнат на листата Олимписки спортови. Зошто да не? Би имал пристојна гледаност и одлични натпревари.
СУМО
Паралелно со сите натпреварувања во Токио летово на Олимписките Игри, на страна се одржува турнир во сумо кој е организиран со цел популаризација на овој источен спорт кој заслужува да добие свое место на Игрите.
ФЛОРБОЛ
Екипен спорт со правила слични на хокејот но се игра на тврда подлога. Нема никакви најави дека во догледно време би го гледале на четири години на Олимписки Игри.