Некогаш кафанскиот муабет „абе треба сите да ги оставиш колку сакаат да шибаат стероиди“ е на пат да стане реалност откако организаторот на „Олимпијада на стероиди“ доби поддршка од еден од најбогатите луѓе од Силициумската долина, Питер Тиел.
Годината е 1936, а Олимпијските игри се одржуваат во Берлин. Канцелар на Германија е Адолф Хитлер и него спортистите во дефилето го поздравуваат со тн. „олимписки поздрав“, кој неодоливо потсетува на оној фашистичкиот со кренатата рака. Но не и оние кои дошле од Кралството Југославија.
„Букинистите“, или продавачите на книги од втора рака на зелените киосци лоцирани крај париската Сена, се подготвени да одат до крај во протестот против одлуката на градските власти, нивниот извор на приход и белег на градот да биде отстранет во име на безбедноста на Олимпијците за време на летните игри следната година.
Учествувал во женскиот тим на летната Олимпијада во Берлин во 1936. Поставил светски рекорд во скок во вис на Европскиот атлетски шампионат од 1938. Неговиот вистински идентитет бил откриен кога кондуктер пријавил во полицијата дека во возот Виена-Келн има „маж облечен како жена“.
Спортистите што ќе учествуваат на Зимската Олимпијада во Пекинг ќе треба да извагаат што им е полесно: да поќутат дур се во Кина или да најдат кој да ги вади од кинески затвор.
Меѓународниот олимписки комитет повеќе нема да бара од трансродовите жени да го намалат своето ниво на тестостерон за да се натпреваруваат на Олимпијадата во женска категорија, стои во новите препораки објавени од организацијата.
Иако поради маските е тешко да се долови изразот на лицето на спортистите на тековната Олимпијада, изгледа дека оние кои на подиумот се качуваат како носители на трето место во различните дисциплини се поентузијастични од оние на второ.
Прилепчанката Пуликсенија Јованоска дебитираше на олимпискиот карате турнир, односно во дисциплината кати која за првпат во историјата се придружи на олимписките спортови. 9-то место за нашата претставничка која се обрати до јавноста.
Без право знаме, химна и грб, на Олимпијадата во Токио не е само Русија (поради суспензија од МОК), туку и олимписката селекција на бегалците. Во Рио 2016 беа 10 спортисти, а сега пораснале на 29 во дури 12 разни спортови.
Австралиската репрезентативка во кајак Џесика Фокс може да се пофали како една од ретките на Олимписки Игри кои освоиле четири медали. Но покажа и иновативен начин за заштита на кануто и веслата.
Вие сигурно знаете дека на Олимпијадата во Токио има и фудбал? Ако сте заборавиле, да се потсетиме дека таму заврши групната фаза и испаднаа некои фудбалски велесили.
Долга е листата на спортови од кои некои се прилично популарни и гледани, кои бараат свое место на Олимписки Игри кои се одржуваат на секои четири години. Некои од нив апсолутно заслужуваат да се најдат во програмата на Олимпијада.
Иако модерните патики и спортски дресови им нудат одредена предност на натпреварувачите, психолошкиот ефект на неносење облека би можел да ги надмине оние физичките.
Вообичаено мислење е дека Олимпијади во средниот век едноставно немало. Но тоа не е сосема точно - меѓународни спортски натпревари сепак се одвивале, со трки со кочии и рицарски дуели.
На 23 јули во Токио стартуваат ЛОИ 2020 (годината останува од лани кога првично требаше да се одржи Олимпијадата). Во Јапонија ќе се соберат најдобрите од секој спорт, но има и големи ѕвезди кои ќе го пропуштат турнирот од разни причини.
Да, добро прочитавте. Не бескраен ред на идентично облечени жени со штипки на носевите, кои прават слет во вода. Дури ни дуети, какви што има вообичаено на Олимписките игри. Туку една жена, синхронизирајќи се со самата себе.
Најголемите градежни компании и трговци во земјата соопштија дека залихите на шрафови неопходни за спојување на челичните греди на стадионите и најразлични инфраструктурни проекти се целосно испразнети уште во јануари.
За време на неодамнешната посета на Канада, претседателот на Светската хокеарска федерација Рене Фазел соопштил дека Меѓународниот Олимписки Комитет размислува за сериозни измени во машкиот хокеарски турнир на Олимпијада.
Сите германски спортисти во Пјонгчанг пијат безалкохолно пиво после тренинзите и натпреварите. Германија до денес освои 24 медали на Зимските Олимписки Игри од кои 12 се златни.
Зимските Олимписки Игри во Пјонгчанг уште не почнати, а репрезентацијата на Холандија веќе има најмногу медали. Имаат три злата, две сребра и две бронзи а најзаслужен за повеќето одличја е неверојатниот Свен Крамер.
Сурија Бонали е поранешна француска натпреварувачка во уметничко лизгање. Има пет злата од европските првенства и три сребра од светските. Позната како уметничка лизгачка која редовно му пркоси на системот, во 1998 на Зимските олимписки игри во Нагано (Јапонија) ги изгубила шансите за медал па решила со еден потег да ги „разбуди духовите“.
Премачкан со најцрната боја на свет, Вантаблек Vbx2, еден од павилјоните на зимската олимпијада во Јужна Кореја апсорбира 99% од светлината. Негов автор е архитектот Асиф Хан, а бојата е варијанта на онаа контроверзната црна-црна од пред некоја година.
За повторно да оживее визијата на Кубертен за соживот помеѓу спортот и уметноста, во Јужна Кореја ќе престојуваат четворица спортисти кои нема да конкурираат за медали, туку ќе снимаат филмови или ќе сликаат.