Организацијата е на Енхенсд гејмс, зад која стои Арон Соуза, адвокатот кој ја состави тужбата на Тиел против Гавкер медиа, и кои отворено ги поттикнуваат спортистите што ќе учествуваат на нивните игри да користат допинг.
Детали околу планот Соуза ќе објави на 17 април, а намерата му е игрите и концептот да ги промовира за време на летната Олимпијада во Париз, која почнува во јули.
Освен Тиел, игрите добија поддршка и од уште неколку милијардери, меѓутоа за сега не се објавува колку пари се собрани освен дека се работи за „висока едноцифрена милионска бројка“ која е доволна за да се организираат првите игри.
Очекувањето на Соуза е дека игрите ќе се одржат некаде кон средината на 2025, и да бидат организирани секоја година на различни локации. Планирано е да има пет спортови: пливање, гимнастика, кревање тегови, атлетика и боречки спортови.
Тој објаснува дека намерата им е да им дозволат на спортистите „отворено и искрено“ да користат какви и да посакаат супстанци, за разлика од Олимпијадата каде „44% од Олимпијците признаваат дека користат забранети супстанци, а само 1% се фатени“.
Негово очекување е дека вака отворено користење на допинг ќе и помогне и на медицината да дојде до пообемни податоци за користењето на овие средства и како истите можат да помогнат во долговечност и „здраво стареење“.
До сега 900 спортисти изразиле интерес за учество на игрите.