УНИЦЕФ започна кампања чија мета е најприсутната (истовремено и најбесполезна) форма на онлајн активизам - кликање "лајкови" на Фејсбук. Тие снимија 3 реклами во кои од гледачите бараат да ја поддржат хуманитарната помош не преку постови и шерови на социјалните медиуми, туку со донирање пари.
Од трите, највпечатливо е видеото со 10-годишното сираче кое и објаснува на камерата:
"Понекогаш се грижам дека ќе се разболам како што мајка ми се разболе. Меѓутоа мислам дека се ќе биде во ред. Денес, УНИЦЕФ Шведска има 177.000 лајкови на Фејсбук. Може до лето ќе стигнат до 200.000. Тогаш ќе бидеме во ред."
Забелешката на сите видеа е што луѓето престанале да даваат пари во добротворни цели, а наместо тоа сметаат дека е доволно да се кликне лајк на Фејсбук.
"Ние сакаме лајкови, и социјалните медиуми се одличен прв чекор за да ја ангажираш публиката, меѓутоа не може таму да се застане. Лајковите не спасуваат животи. Ни требаат пари за да купуваме вакцини на пример," објаснува директорката за комуникации на УНИЦЕФ Шведска, Петра Халебрант.