Џесика Фокс (27) од Австралија е светски број 1 во женскиот ранкинг во кајак.
Таа прво на 27 јули во финалето во поединечна категорија освои бронзен медал. Во самиот финиш била прва но поради нарушување на некои од правилата била санкционирана и завршила на трето место.
Само два дена подоцна, на 29-ти јули Џесика им се реваншираше на сите и го освои блескавото олимписко злато.
Во меѓувреме таа на својот Тик-Ток профил објави видео под наслов: „Се кладам дека вие никогаш не сте знаеле дека кондом може да се искористи и за поправка на кајак“.
Заедно со нејзиниот тим Џесика на скршениот врв (нос) од кајакот ставила смеса од карбон, а потоа за фиксација навлекле кондом. Фокс додала дека тоа и обезбедил „гладок“ финиш.
@jessfoxcanoe How kayakers use condoms 😂🤷🏽♀️ #kayaktips #hacksandtips #diy #carbonrepair #carbon #tokyo2020 #olympicgames
♬ original sound - jess fox
Таа на мошне корисен начин го искористила еден од 160.000 кондоми кои организаторите на Олимпијадата во Токио летово им ги поделиле на спортистите пред стартот на Игрите.
Инаку Џесика Фокс е една од најдобрите натпреварувачки во кајак на сите времиња. Таа има богата колекција трофеи меѓу кои најдрагоцени се: сребро од Олимписките Игри во Лондон 2012, бронзата од Рио де Жанеиро 2016. Интересно, татко и настапувал за Велика Бриатанија и бил 5-кратен светски шампион во кајак (плус освоил 4. место на Олимпијада во Барселона 1992). Мајка и Миријам во истиот спорт за Франција освоила бронза на Олимпијадата 1996 во Атланта и два пати била светска шампионка.
Силни гени нема што.
КУЛТОТ СЕКС НА ОЛИМПИЈАДА И СТОТИЦИ ИЛЈАДИ БЕСПЛАТНИ ПРЕЗЕРВАТИВИ