Самиот гест со делење бесплатни презервативи за сите учесници на Олимписките Игри веќе стана голема олимписка традиција, а околу секс активностите на спортистите на Игрите има многу легенди и преданија.
Но поради ковид реалноста, олимпиското село во Токио, за жал или за среќа, нема да ги следи примерите од претходно поради ограничувањата. Но традицијата со презервативите не е исклучена.
ОД 8.500 ДО 150.000 ПАРЧИЊА ПРЕЗЕРВАТИВИ СО ЛОГО ОД ОИ ВО ОЛИМПИСКИТЕ СЕЛА
Се започнало пред 33 години, на Олимпијадата 1988 во Сеул (Јужна Кореја) каде на спортистите во пресрет на Летните Олимписки Игри им поделиле 8.500 презервативи, нешто повеќе од вкупниот број на учесници тогаш (8.465).
Ова не значи дека презервативи во Олимписките села пред Сеул немало. Имало но се продавале строго во автомати.
Организаторите на ОИ Сеул 1988 во соработка со МОК организирале бесплатно делење презервативи за да ја подигнат свеста за ХИВ вирусот.
Презервативите биле користени зошто организаторите на тие Олимписки Игри ги пронаоѓале искористен на крововите во олимписките села. Биле збунети од тоа што го виделе и им забраниле на спортистите да имаат односи надвор од собите.
Веќе од Зимските Олимписки Игри 1992 во Албервил, делењето бесплатни презервативи се зголемило до 30.000 парчиња. Ги давале само на спортистите а тренерите и гледачите можеле да си купат по намалена цена во олимписките објекти. На Олимпијадата 1994 во Лилехамер отишле уште подалеку и 40.000 презервативи раздале не само на спортистите туку и на официјалните лица, новинарите, волонтерите и навивачите.
На Олимписките Игри 1996 во Атланта бројката паднала драстично - организаторите поделиле „само“ 15.000 парчиња презервативи. Овој потег го објасниле: „Ги даваме на спортисти само во случај на нужна потреба“.
Во Сиднеј 2000 организацискиот одбор првично купил 70.000 парчиња презервативи но до крајот на Игрите морале да докупат уште 20.000 пораги голема побарувачка.
Од тогаш до денес, количеството на бесплатни презервативи на Олимписки Игри само расте „по спиралата“ и неколку пати го надмина нивото од 100.000 презервативи.
Во Атина 2004 спортистите првпат добиле не само кондоми туку и 30.000 тубички со лубриканти. А во Пекинг 2008 на пакетчињата презервативи стоел натпис со олимписката девиза: „Побрзо, појако и посилно“ (го тргнале зборот заедно). Најчесто на Олимписките Игри компаниите-производители бесплатно ги делат своите производи во замена за статусот официјален дистрибутер како што беше компанијата Durex на Олимписките Игри во Лондон 2012.
РЕКОРДОТ ГО ДРЖИ РИО ДЕ ЖАНЕИРО
Апсолутниот рекорд кој тешко дека некој ќе го достигне во догледно време по бројот на поделени бесплатни презервативи го поставиле во Рио 2016. Тогаш организаторите закупиле 450.000 парчиња или по 42 во просек за секој спортист.
Но имале и објаснување за ова: во Бразил тогаш пламна вирусот Зика кого обично го пренесуваа комарци но може да се пренесе и по пат на полов однос. Тогаш не им ги делеле на рака, туку во олимпиското село поставиле неколку автомати каде можело бесплатно да се земе кондом. Таму прво имало 350.000 стандардни презервативи, 100.000 презервативи за жени (да, имало и такви) и 175.000 лубриканти.
Необично, тогаш селекцијата на Австралија дошла во Рио 2016 со свој комплет специјални против-вирусни презервативи. Нивниот производител уверувал дека 100% штитат од Зика вирусот, но не било познато дали е тоа вистина или само маркетиншки трик.
„ОЛИМПИЈАДАТА Е ПРАВ СЕКС ФЕСТИВАЛ“
Сексот во олимписките села е готово рутина, велат познавачите на материјата.
Во текот на Олимпијадата 2016 во Рио де Жанеиро, претставниците на Tinder приметиле дека процентот на „спојки“ пораснал до неверојатни 129%! А во Лондон 2012 процентот исто бил висок.
Покрај хормоните, енергијата и страста, за средби на Олимписките Игри многу помага и самото олимписко село каде може комотно да се скријат од медиуми и новинари па затоа сексуалните односи лесно ги држат во тајност.
Еден пинг-понгар Олимписките Игри ги нарекол „прав секс фестивал“. А 6-кратниот олимписки шампион во пливање, легендарниот Рајан Лохти пред ОИ Лондон 2016 рекол: „Од 70% до 75% од спортистите испразнуваат секс за време на Олимпијадите. Во текот на Пекинг 2008 имав девојка и тоа ми беше голема грешка“.
Американски фрлач на копја, Бро Грир пред неколку години се фалел дека секој ден на Олимпијадата 2000 имал секс и тоа со три различни жени, а со една и во авионот за назад.
Фудбалерката Хоуп Соло еднаш раскажала: „Во Олимписките села има многу секс. Таму секогаш има многу љубители на средби за една ноќ. Јас видов како луѓе имаа под отворено небо. И тоа право меѓу зданија, на тревници“.
Има и такви кои тврдат спротивно.
„Секако дека има автомати со презервативи во олимписките села, но јас не сум видел ништо спектакуларно на три Олимписки Игри. Да, има многу луѓе и кога натпреварите ќе завршат веројатно се случува такво нешто, но никакви оргии под отворено небо“, раскажал еднаш ирскиот бадминтон играч Скот Еванс.
А веслачот и олимписки шампион Зак Парчејз рекол:
„Презервативи има многу но селата не се котел на сексуални активности. Сите таму зборуваме само за решавачки и клучни моменти од кариерите кога сите се стремат да покажат најдобри резултати“.
ВО ТОКИО 2020 ЌЕ ИМА МНОГУ ЗАБРАНИ
На Олимписките Игри 2020 летово во Токио сексот ќе биде речиси невозможен поради строги рестрикции.
Таму организаторите не дозволиле бесплатно делење презервативи од нов ултратенок материјал на база на полуиретан. Компанијата Sagami Rubber Industries се побунила зошто не добила дозвола да ги снабди сите спортисти со кондоми чија дебелина не преминува 0,01 мм.
„Се надевавме дека благодарение на Игрите во Токио цел свет ќе дознае за нашата висока технологија. Многу сметавме на тоа“, вели Хироши Јамасите од оваа фирма.