Австралиската репрезентативка во кајак Џесика Фокс може да се пофали како една од ретките на Олимписки Игри кои освоиле четири медали. Но покажа и иновативен начин за заштита на кануто и веслата.
Олимписките игри се интересни не само за гледање, туку и за проучување, а истовремено колку се брилијантни, толку се и тажни затоа што олимпијците секојдневно, цели четири години се спремаат за Игрите вежбајќи една иста работа.
Бразилецот Исак Квеирош Дос Сантос слободно може да биде прогласен за малер на годината. Само 10 метри го делеа од првото место и златниот медал на трката 1000 метри на Светското првенство, но пред самиот финиш падна во вода и неговиот кану залудно ја мина целта. Правилата велат дека тоа не е дозволено. Златото го освои Германецот Брендел.