Водич низ сите олимписки спортови

Олимписките игри се интересни не само за гледање, туку и за проучување, а истовремено колку се брилијантни, толку се и тажни затоа што олимпијците секојдневно, цели четири години се спремаат за Игрите вежбајќи една иста работа.

Олимписките Игри (не Олимпијада, затоа што Олимпијада е периодот од четири години од едни до други Игри) се славење на човековиот дух, испитување на границите на физичката подготвеност која ние обичните смртници не можеме да ја разбереме.

Порталот Вајс направи водич на олимписките спортови од кои не некои се ултра занимливи, а некои тотално неразбирливи.

СТРЕЛИЧАРСТВО:

Генерално денес секој кој е добар во стреличарство е цар, затоа што не можел да најде другари за нешто друго или пак не успеал на тестирањето за школскиот тим во баскет. Да се биде добар во стреличарство било кул во старите времиња кога непријателот ќе те заробел, само затоа што си бил совршено добар со лакот и стрелата.

АТЛЕТИКА:

Ретки се оние кои можат лудо да трчаат во школскиот двор и тоа еднакво добро како возрасните. Реално, нема премногу вештини кои лесно може да се префрлат од градинка и школо во позрели години. Трчањето на ОИ е супер кул за гледање, и не залудно атлетиката е наречена кралица на сите спортови.

БАДМИНТОН:

Бадминтон е тенис за луѓе кои не сакаат гласни звуци и многу викање. Генерално тапа спорт за оние кои сакаат фудбал или кошарка.

КОШАРКА:

Ако не размислувате за доминацијата на Америка (како да не размислувате?), кошарката на Олимписките Игри е и тоа како интересен спорт.

ОДБОЈКА НА ПЛАЖА:

Одбојката на плажа е фин спорт за оние кои по цел ден лежат на плажа и бар за момент наоѓаат некаква одговорност да се натераат себе да вршат некоја работа. Еден од најкул спортови затоа што го играат и стари и млади.

БОКС:

Правиот бокс е неверојатна, отмена уметност, две вреќи мускули кои удираат една во друга. Уметничко удирање, агресија која што ја преминува секоја логика, па и разум. Но, олимпискиот бокс е таков што секој носи кацига, сини појаси и ретко кој го гледа во тапа термините. Замислете на пример, дали Роки (правиот наш Роки), најголемиот боксер на сите времиња би боксувал на Олимписки Игри? Не би. Никако не би боксувал.

КАНУ СЛАЛОМ:

Кануто е забава за пијаните момачки забави на кои сите се курчат дека би оделе на рафтинг, ама им стиска за тоа.

ТРКИ СО КАНУ:

Истото важи и за нив. Другар ти кој сака природа прави момачка вечер во некоја вукојебина, близу некој поток. „Кану браќа, кану, голема куќа и пиво“. Овој спорт реално не може да се носи со тежината олимписки спорт.

ТРКИ СО BMX ТОЧАЦИ:

Овој спорт може да биде кул затоа што BMX точаците беа неверојатни на времето кога игравме Tony Hawk's Pro Skater 2 по цел ден и кога гледавме Jackass. Добар спорт за помлада генерација.

ДРУМСКИ ВЕЛОСИПЕДИЗАМ:

Маунтајн бајк е баш кул и покрај тоа што на многумина од нас им се темни пред очи кога ќе слушне качување по друмски патеки, а камоли возење велосипед нагоре. Премногу сериозен, но интересен спорт за гледање на Олимписки Игри.

ВЕЛОСИПЕДИЗАМ ПО ПАТИШТА:

Овој спорт подразбира специјално дизајнирани кациги од илјадници евра и мали жолти наочари за сонце и килограми крема за смирување на мускулите, што го прави еден од потешките спортови.

ВЕЛОСИПЕД НА ПАТЕКА:

Не е прав спорт. Да е прав спорт би излегле надвор и не би се плашеле од ненадеен дожд или незгода со автомобил. Крис Хој е легенда на овој спорт, неговите бутини се хит на секоја патека, но пак е во сала, така што не е ни малку кул.

СКОКОВИ ВО ВОДА:

Бомба скоковите на некој буцко се супер кул. Скоковите за да оставите впечаток на девојчиња кога имате 12 години е интересно. Професионалното скокање во вода на Олимписки Игри е за штребери.

КОЊИЧКИ СПОРТОВИ:

Коњот овде ја обавува целата работа, така што и не е некој спорт. Јавете се кога ќе постојат Коњички олимписки игри со огромни медали за коњите и тогаш ќе може да зборуваме за тоа.

ЈАВАЊЕ - ДРЕСУРА:

Не е спорт затоа што сте го дресирале животното нешто да работи. Секоја чест, но каде е тогаш медалот за Букефал?

МЕЧУВАЊЕ:

Ако се натпреварувате на Олимписки игри во мечување, тогаш на светот му признавате дека сте биле најлош курсаџија на интернет часовите на кои сте оделе.

ФУДБАЛ:

Фудбалот е кралевски спорт, но олимпискиот фудбал е срање затоа што е уште еден од оние без врска турнири за кои сите ги боли увце. Испаѓа како лигашко првенство во меѓународен фудбал, а единственото задоволство го носи Бразил кога игра.

ГОЛФ:

Ако на татко ви му понудите да гледате заедно турнир во голф, па потоа квалификации за Формула 1 во ист ден, бидете сигурен дека цела недела нема збор да каже и ќе биде смирен, затоа што ова е исклучително некул спорт.

ГИМНАСТИКА:

Е, тоа е суштината на Олимписките игри. Тоа е драги наши Олимпијадата. Дури 90% од Олимписките спортови може да ги пробаме, некој од нас ќе трча, некој ќе скока во вода, некој ќе шутира, некој ќе вози точак. Но никој од оние што ги познаваме не може да направи салто преку глава а да не се укочи или да направи салто како што го прави Симон Бајлс.

Не познаваме никој кој може да прави чуда на вратило, ниту пак да се држи за оние две шипки и да се врти. Гимнастиката со сигурност ги премина границата на човековите можности и стана некој друг вид на спорт, далеку од секојдневните.

РИТМИЧКА ГИМНАСТИКА:

Има разлика со горенаведениот пасус и делува многу поелегантна.

РАКОМЕТ:

Во последно време има многу ракометари кои носат заштитни наочари и изгледа како овој спорт на Олимпијадата да го играат студенти кои веќе направиле се и сешто и сега не знаат што со себе.

ХОКЕЈ:

Секој спорт во кој можат да завладеат и да победуваат девојчињата кои одат во елитни и фенси училишта кои чинат многу скапо не е баш кул.

ЏУДО:

Тежок и напорен спорт кој бара максимална посветеност. Не е кул затоа што ќе мора да се збогувате со редовните кафани преку недела.

ВЕСЛАЊЕ:

Секој кој мисли дека веслањето е топ спорт, гласа за конзервативците, има повеќе од една кравата, ги знае имињата на сите пратеници и части пијачка само кога мора. Не е кул спорт за Олимпијада.

РАГБИ:

Кога некој тип ќе се ѕвери во екранот и ќе се полива со пиво затоа што некои плакари таму истрчале десет метри и се туркале со други плакари значи дека овој спорт е кул. Особено ако го заследите добро од почеток до крај.

ЕДРЕЊЕ:

Неразбирливо како едрење е спорт. Ако главната фора е дали дента ќе биде ветровите, нејасно е како може да биде кул спорт воопшто.

СТРЕЛАШТВО:

Цел куп типови во поло маици и некакви капчиња лесно застануваат во ред за да пукаат од некои специјално направени пушки додека на главата им висат заштитни слушалки. Чудно како Олимписките Игри направија некул работа од нешто што можеби е најкул на светот. Да испукаш цел шаржер на нешто?

ПЛИВАЊЕ:

Кога го гледаш Мајкл Фелпс како некој хиперагресивен ултрамегаспортист како ја сече водата како огромна ајкула, тогаш сфаќаш дека натпреварувачкото пливање е совршенство до небо.

СИНХРОНИЗИРАНО ПЛИВАЊЕ:

Исто. Кога ги гледаш Русинките што изведуваат, сфаќаш дека ова е тотално кул спорт за гледање и проучување.

ПИНГ ПОНГ:

Овој спорт на Олимпијада делува како нешто што играш додека ја чекаш мајка ти да те собере од некој детски клуб каде те однела за да има барем малку слобода додека пие кафе со пријателките.