Прво за слободниот (дали да ставиме наводници?) дел од светот. На британски „Скај њуз“ гостува генерал Џонатан Шо. Не само што е генерал туку е поранешен командант на британските вооружени сили. Но, штом скршна од сценариото и го постави клучното прашање кое ама баш сите нормални го поставуваат (кој би бил мотивот на Асад да употреби хемиско оружје кога конвенционално го освојува теренот?), генералот бива дрско и бескрупулозно прекинат.
„Знам дека трпеливо чекавте да ве вклучиме но тука ќе мора да прекинеме, многу ми е жал“, ќе го отфикари и самата по малку збунета новинарка.
Тоа Британците се - во политичка смисла - да се чудиш. Тереза Меј се чинеше особено згрозена од самата помисла на употреба на хемиско оружје. Како да Британија во 80-тите не ѝ продаваше на Сирија хемикалии (dimethyl phosphite, trimethyl phosphite и hydrogen fluoride) од кои се произведува нервниот отров сарин и како да таму не извезуваше хемикалии и во 2012 година, дури и откако на адреса на Асад веќе беа стигнати обвинувања за играње со нервни отрови.
А денес активисти ја носат Британија и на суд заради продавање оружје на Саудијците со што го разгорува страдањето во Јемен. Според ОН, таму ситуацијата е ваква: 10.000 луѓе убиени и 3 милиони расселени. Уницеф изброи 5.000 убиени или осакатени деца од почетокот на конфликтот во 2015. Колера и акутна дијареа погодиле преку милион луѓе а дури 8 милиони луѓе се под ризик да умрат од глад.
Сето тоа не ѝ пречеше на Велика Британија, од почетокот на конфликтот до сега, на Саудиска Арабија да ѝ продаде оружје од 6,4 милијарди долари.
Деновиве низа извори пишуваа дека Сириската Армија при операцијата во Источна Гута заробила неименуван број британски оперативци (плус американски и израелски) интегрирани во редовите на Џаиш ал-Ислам. Битно да се знае, Дума беше последното сериозно упориште на овие од Џаиш ал-Ислам.
Од комбинирани извори приказната оди вака:
Сириската армија со руска помош зароби пратка на хемиско оружје наменето за Источна Гута.Тоа беше британско оружје произведено во Портон Даун во Салисбури. Русите се сомневаат дека и инцидентот со Скрипал е поврзан со ова, бидејќи според нивните сознанија, Скрипал работел со Портон Даун како организатор на шверц со оружје, во соработка со една украинска фирма. Русија негира дека го труела Скрипал но признава дека бил под нејзина присмотра поради неговите активности во кои е вклучена и поддршка на терористите во Сирија. Русија исто така потврди дека Сириската армија заробила британски, американски и израелски разузнавачки офицери во Источнa Гута.
Сириско-руски извори следниов арсенал го идентификуваат како хлорин полнет во Портон, Салисбури (фатен пред некое време кај Ал Каеда во Источна Гута) а во она подолу имало и VX нервен гас од британската пратка:
Ракетниот напад на САД, Британија и Франција се објасни како реакција на хемиски напад во Дума во кој загинаа 70-тина цивили за кој промптно се обвини официјален Дамаск. Бидејќи ни ОН ни OPCW (Организација за забрана на хемиското оружје), немаа ни време ни можности да донесат квалификуван суд за тоа што точно се случило таму, главна алатка за сензибилизирање на јавноста беа неколку страшни видео материјали од лице место.
Поточно три видео клипови. За некои од нив се утврди дека дополнително им се бришени или менувани мета-податоците.
Тој едниот клип, со куп испоумрени жени и дечиња во една просторија, со пена на уста и слични грозотии, нема ни да ви го линкаме бидејќи е - верувајте ни - преужасен. Во него е малку чудно што никој не се ни закашлува од луѓето кои доаѓаат на тоа грозоморно место непосредно после масакрот и ја снимаат сцената (а се луѓе од контроверзните Бели шлемови при што немаат никаква медицинска опрема на себе). А не можеш бре да не се ни закашлаш. За оние кои не им веруваат на тие групации, приказната е ваква: Џаиш ал-Ислам сфаќаат дека ја губат Дума па со помош на Белите шлемови инсценираат: ги собираат овие кутри луѓе и ги трујат, за да предизвикаат гнев кон Асад и соодветна реакција од западните сојузници со која тие би спасиле газ во своето упориште.
Вториот клип е оној од болницата. За самата ситуација сведочат двајца болничари. Имало ракетирање, почнале да им носат повредени а овие да им помагаат кога се појавил некој човек, рекол дека е хемиски напад и веднаш настанала паника, полевање со вода, давање на оние за астма на деца....
Третиот клип не мора ич да го раскажуваме бидејќи е сам по себе многу описен: огромна бомба со хемиско полнење го пробила таванот и потоа отишла да спие. При што била посебно нежна кон креветот кој не е нималку повреден.
*****
Инаку, човек сешто ќе се изнагледа од тој пусти Блиски исток. На пример кога некој сака да ги покаже жртвите ама камерата малку предвреме ќе се вклучи.
*****
Инаку, пред некој ден пишувавме за водата во Флинт:
Тоа.