Ај што се тегнеле со јажиња, во тоа нема ништо лошо. Или што имало олимписки спорт кој подолго ќе нурка. Ама што убивале птици, тоа е факт од кој во Меѓународниот Олимписки Комитет се срамат ден-денес.
Олимписките игри се интересни не само за гледање, туку и за проучување, а истовремено колку се брилијантни, толку се и тажни затоа што олимпијците секојдневно, цели четири години се спремаат за Игрите вежбајќи една иста работа.