Програмата на Олимписките Игри постојано се менува: ретки се спортовите кои се држат во неа повеќе од 120 години (од дебито до наши денови), а многу други или се сменија или исчезнаа.
Причините за честата промена на програмата на Олимписки Игри се разни: мал интерес кај гледачите, отсуство на учесници па дури и протести на здруженијата за заштита на животни.
ПУКАЊЕ ГУЛАБИ (Париз 1900-та)
Од 1900-та до 1908-ма Олмпијадата не била самостоен турнир, туку постоела како привезок на Светскиот Саем. Имало толку многу натпреварувања што Игрите траеле и по пет месеци - од мај до октомври.
На овие почетни Олимписки игри имало спортски риболов, летање со балон на топол воздух, пукање со пушка, пожарникарство, летање змееви.
Сите спортови биле во рамките од програмата на Светскиот Саем (панаѓур), медалите ги давале како победа на Олимписки Игри. Некои дисциплини сепак останале во рамките на Олимпијада, а една од нив било стрелање живи гулаби.
Концептот бил следен: птиците ги пуштале од кафез, „натпреварувачите“ стрелале од пушки и победувал тој кој ќе убиел најмногу гулаби. Ако еден учесник промашел два пати по ред, тој испаѓал од игра.
За 166 дена биле убиени повеќе од 400 птици! Местото на „натпреварувањето“ било ужасно како хорор филм - се во крв, перја и мртви гулаби. Тоа бил првиот и единствен случај на Игрите кога „натпреварувачи“ убивале животни.
Веќе во 1902 година после сериозни протести на здруженијата за заштита на животни во САД, организаторите наместо птици се решиле да користат глинени макети. Со времето стрелањето голуби се преобразило во стрелаштво, спорт кој и ден-денес е во програмата на летните Олимписки Игри.
Многу години МОК тврдел дека стрелањето живи голуби бил неофицијален вид на спорт на Игрите 1900 година.
„Шампион“ станал Австралиецот Доналд Мекинтош кој потепал 22 гулаби. Добил сребрен медал зошто на Игрите во 1900-та година уште немало златен медал и за победа давале сребро а за второ место бронза. Победникот добивал и 20.000 швајцарски франци.