Маја Хвалињска е спортска приказна на 2026-та година.
Од квалификациите, како анонимна тенисерка, 24-годишното чудо од Полска стигна до големото финале на Ролан Гарос каде ќе игра против Русинката Мира Андреева.
Хвалиљска во шега им раскажала на новинарите дека ниту на сон не очекувала да стигне до тука и дека кога го поминала четвртфиналето, не знаеле дали со стручниот штаб и нејзините родители ќе имаат доволно средства за понатамошен престој во Париз.
За ситуацијата да не стане сериозна се погрижила најголемата полска компанија за енергетски пијалаци
— Travis Bickle (@Magnus109079862) June 4, 2026
Маја Хвалинска стана првата квалификантка во историјата која стигнала дури до големот финале на Ролан Гарос. Таа беше 114-та на светската ранг листа а во Париз забележа дури 9 победи по ред од кои некои беа против Топ5 тенисерки.
Во меѓувреме кога станало јасно дека таа од Ролан Гарос заработила досега 1,8 милиони евра (двојно повеќе од целата сума која ја заработила досега во кариерата) но дека тие средства ќе и бидат испорачани после Грен Слемот во Париз, таа се пошегувала дека навистина не знае дали ќе има доволно средства за неа и за целиот стручен штаб и нејзините родители да останат подолго во Париз. Не планирале.
Ова беше голем пенал за познатиот полски производител на енергетски пијалаци, компанијата Оши. Тие и станале спонзор на Хвалинска.
„Пред неколку дена резервиравме хотел. Денес и резервираме место во Оши тимот. Некои приказни се пишуваат сами. Драго ни е што можеме да ја поддржиме Маја Хвалињска во остварување на уште еден нејзин сон. МАЈА ХИДРИРАЈ ГИ СВОИТЕ СНИ СО ОШИ“, стои во објава на компанијата“.
Интересно Оши го покрил целосниот престој на тенисерката и нејзиниот стручен штаб во Париз а таа за возврат носела опрема со нивното лого на Ролан Гарос.
Кога новинарите претходно ја запрашале која е тајната зад нејзините различни стилови на облекување на секој меч, таа им одговори низ насмевка дека нема тајна, едноставно не е спонзорирана и затоа секој дуел е во различна опрема.
Но сега Оши ќе биде нејзин главен спонзор.