Савина Гершак, Ана Сасо, Бернарда Маровт

Каде се, што прават?

Kаде се денес девојките кои во 80-тите години, на машката популација од поранешна Југославија им правеа лиги како Вардар а она останатото како Триглав. 

САВИНА ГЕРШАК

Боженствено убава, мека, плава и проѕирна. Ја видовме во филмот на Живко Николиќ "Чудо невидено". Режисерот ја видел на фотографија, му рекол на продуцентот да ја најде по секоја цена и без проба или кастинг, ја ангажирал во филмот. Подоцна студира психологија, денес живее и работи во Рим како психотерапевт. 50 годишната Гершак денес 5 годишни близнаци и не исклучува повторно да се најде во филм. МК еквивалент - Викторија Лоба.

АНА САСО

Не најубавата но веројатно најзгодната Мис во поранешна Југославија. Сплиќанката ја зема титулата во 82-ра, потоа снима спот за сокот Пипи и од сокот остана сцената кога Ана од вода излегува со мокра маичка. Држеча и денес, вежба во теретана три пати неделно, прави ревии и слични проекти. МК еквивалент - Маријана Стојановска.

БЕРНАРДА МАРОВТ

Вонсериски убавата Словенка извлече најмногу од сите југословенски убавици. Замина во Италија и имаше светски успешна манекенска кариера. Денес живее во Италија и Словенија, има модна агенција "Bernie Model". Луѓе уште не можат да си простат што го фрлиле загрепски Старт во кој таа беше сликана разголена. МК еквивалент - Надица Георгиевска.

28 јануари 2013 - 12:57