Шкендија се заканува со напуштање на мак фудбалот

ФФМ ја казни Шкендија по пет основи за финалето против Силекс. Доби забрана за настап во Купот цела следна сезона и ќе треба да плати 105.000 евра. Тетовчани возвратија со соопштение во кое бараат итно да се преиспита одлуката и да се корегира.

Соопштението на ФК Шкендија:

„По неодамнешната одлука на Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) против Шкендија, спонзорот на клубот бара оваа скандалозна одлука итно да се преиспита и корегира.

Шкендија е меѓу ретките клубови кои работеле сериозно, коректно и со целосно почитување на спортските и финансиските обврски. Нашиот придонес низ годините имаше големи трошоци, напори и жртви. Покрај тоа, Шкендија е клубот кој, со своите достоинствени настапи во Европа, го зголеми коефициентот на лигата, од кој имаат корист сите локални клубови и благодарение на што, од следната година, нашиот фудбал ќе има дополнително место во европските купови.

Затоа, неприфатливо е одлуките донесени на маса да му штетат на сериозен проект и да го деградираат овој придонес. Овој пристап нè наведува и да ја разгледаме опцијата за повлекување од клубот/фудбалот во Македонија. Доколку ФФМ не ја повлече оваа одлука, тогаш ние како спонзор сериозно ќе размислиме за понатамошно продолжување, бидејќи оваа одлука ги крши правата и политиките на клубот. Очекуваме органите на ФФМ итно да размислат, во интерес на спортската правда, клубот и иднината на фудбалот воопшто“

ФФМ ја исфрли Шкендија од Куп за цела сезона

5 јуни 2026 - 08:55